
Вчера (23 април) „дм дрогерие маркт“ ја отвори новата продавница во „Набизи ритеил парк“ во Струга, на улицата Попово Блато бр. 1.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Како што соопштуваат од компанијата, освен промената на локацијата, продавницата dm претрпела и други значајни промени. Со реновирањето, проширен е продажниот простор на вкупна површина од 558 квадратни метри, од кои 451,35 се продажен простор, а магацински простор и помошен простор се 100.69 квадрати. Дополнително, инвестирано е и во нова опрема, која ќе го подобри искуството на купувачите и ќе обезбеди подобра функционалност.
Новитет е практичниот beauty остров, на кој купувачите можат брзо и лесно да ги пронајдат омилените производи за нега и убавина. Додадено е и детското катче, каде што децата можат да се забавуваат. Дополнително, поставен е и сталак за повивање, кој овозможува едноставно и практично пресоблекување на бебињата.
Во новата продавница, купувачите можат да најдат речиси 13.500 производи од богатата понуда на dm, меѓу кои производи за нега и убавина, за мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како и производи за хигиена во домот и нега на алишта. Повеќе од 3.000 производи се дел од сопствените трговски марки на dm – Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и многу други.
На денот на отворањето, купувачите беа пречекани во весела атмосфера со диџеј и забава за децата, а dm и овој пат новиот деловен успех го одбележа на општествено одговорен начин. Дел од остварениот промет на денот на отворањето беше дониран на детската градинка „8. Март“ во Струга, во износ од 138.000 денари.