_(1).webp&w=1920&q=100)
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Универекспорт“ ја прошири својата малопродажна мрежа со отворање на првиот објект во Нови Пазар, на адреса Димитрија Туцовиќ бб. Со речиси 1.000 м² модерен продажен простор, објектот е дизајниран да им обезбеди на купувачите пријатно и практично искуство при купување.
Објектот располага со богат асортиман од речиси 7.000 артикли, вклучувајќи свежи намирници, прехранбени производи, производи за хигиена во домот и други производи за секојдневна употреба. Дополнително, потрошувачите ќе имаат можност да се запознаат и со домашното производство на компанијата „Универекспорт“, во рамките на кое е достапен брендот на органски производи Organa. Во новоотворениот објект на располагање се и приватните трговски марки: Baš Baš, Naše najbolje и Daj Daj, кои се одликуваат со одличен однос меѓу цената и квалитетот.
Со отворањето на новиот објект, во Нови Пазар се создадени и 25 нови работни места.
По повод отворањето, подготвени се специјални погодности и подароци, како и широк асортиман производи по поволни цени.
„’Универекспорт’, со мрежа од повеќе од 200 објекти низ Србија, продолжува да го развива своето присуство на пазарот, да ја унапредува понудата и да им овозможува на купувачите практично и квалитетно искуство при купување во секој град во кој работи“, се наведува во соопштението на трговецот.