
Синџирот дрогерии „дм дрогерие маркт“ на 26 март отвори нова продавница во „К-ритеил“ во општина Кисела Вода, на улицата Христо Татарчев бр. 47В во Скопје.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Новата продавница dm е со вкупна површина од 594 квадратни метри, од кои 497,85 се продажен простор, а останатите 93,21 квадрати се користат како магацински и помошен простор. Според површината, ова е најголемата продавница dm досега.


Како што соопштуваат од компанијата, купувачите можат да најдат речиси 13.500 производи од богатата понуда на dm, меѓу кои производи за нега и убавина, за мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како и производи за хигиена во домот и нега на алишта. Повеќе од 3.000 производи се дел од сопствените трговски марки на dm – Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и многу други.
На денот на отворањето, купувачите беа пречекани во весела атмосфера со ди-џеј и забава за децата, а dm и овој пат го одбележа новиот деловен успех на општествено одговорен начин. Дел од остварениот промет на денот на отворањето беше дониран на Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ во Скопје, во износ од 124.076 денари.
Од dm велат дека се особено среќни што со секоја нова локација се сѐ поблиску до купувачите. Со богатата понуда на производи се стремат да одговорат на нивните желби и потреби, продолжувајќи ја експанзијата на локалниот пазар.