
Трговецот со непрехранбени производи, по неодамнешното отворање на првата продавница во Сесвете, ја отвори и втората продавница во Иванец, во Вараждинска жупанија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Многу сме среќни што ја отворивме нашата втора продавница во Хрватска, во Иванец, нешто повеќе од една недела по отворањето на првата продавница во земјата. Купувачите нè пречекаа топло и ни е драго што можеме да им ја доближиме формулата на „Акшн“. Нашиот успех се темели на силна стратегија, како и на посветеноста и ангажманот на нашите тимови, на што сме многу горди“, изјави Неда Вук Салаба, генерална директорка на „Акшн“ во Хрватска.
Продавницата се простира на 927 квадратни метри, вработува 19 лица и на потрошувачите им нуди асортиман од 6.000 производи во 14 категории.
Трговецот секоја недела воведува 150 нови производи, а повеќе од две третини од производите имаат цена пониска од 2 евра, се наведува во соопштението на компанијата.