
Трговскиот синџир „Рамстор“ вчера (18 март) во 8 часот го отвори својот најнов маркет во населбата Козле, на улицата Козле, бр. 91А.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Како што информираат од компанијата, новиот објект се простира на 300 квадратни метри и е современо уреден со функционално организиран простор. Потрошувачите ќе можат да избираат од 4.500 производи, со фокус на квалитет, свежина и разновидност, обезбедувајќи пријатно и ефикасно купувачко искуство.
Маркетот вклучува оддел за деликатеси, пекарница со секојдневно свежо подготвени производи и оддел со сезонско овошје и зеленчук, како и широк избор на производи за секојдневни потреби.
Со отворањето на новиот маркет, „Рамстор“ го продолжува својот пораст и присуство на пазарот, со цел да обезбеди долгорочна вредност за потрошувачите, партнерите и заедницата, истакнуваат од компанијата.