
„Еуроспин“ продолжува да ја проширува продажната мрежа во Хрватска со отворањето на нова продавница во Кукулјаново.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Еуроспин“ продолжува да ја проширува продажната мрежа во Хрватска со отворањето на нова продавница во Кукулјаново.
Како што информираат од компанијата, со отворањето на овој објект, „Еуроспин“ дополнително ја приближува својата понуда до купувачите во регионот на Кварнер и им овозможува уште полесно и попристапно секојдневно купување.
Новата продавница е уредена така што купувачите ќе имаат модерно и пријатно окружување за купување, со широк избор на прехранбени и неперхранбени производи. Посебно место во понудата имаат свежите производи, како овошје и зеленчук, месо и пекарски производи, а купувачите можат да најдат и разновидни артикли за домаќинството и секојдневните потреби, наведува трговецот.