
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Важно е какви лидери и ментори ќе имате на патот што сте го избрале. Благодарен сум што низ годините имав многу вистински ментори и лидери од кои учев... Без нив не би бил толку успешен, а се сметам за доста успешен во последните 23 години, истакна т
Кариерата се гради со постојана работа, учење, добри тимови и поддршка од луѓето околу вас.
Биографски податоци
Датум и место на раѓање: 2 јуни 1977 година, Софија, Бугарија
Образование: Високо образование во областа на маркетинг
Кариера:
- Претставник за претпродажба за P&G, „Кавен Ирадис“, Бугарија;
- Претставник за претпродажба за P&G, „Орбико“, (од 2004 до 2006 година);
- Супервизор за теренски продажби, менаџер за клучни клиенти и регионален продажен менаџер, девизија „Филип Морис“, „Орбико“, Бугарија (од 2006 до 2008);
- Продажен менаџер, девизија „фармација и гас“, „Орбико“, Бугарија (од 2008 до 2010 година);
- Продажен менаџер, КА девизија, девизија „Марс“, девизија пазар, „Орбико“, Бугарија (од 2010 до 2020 година);
- Менаџер за синџир за снабдување, „Орбико“, Бугарија (од 2020 до 2021 година);
- Директор за Македонија, Албанија и Косово, „Орбико“ (од 2021 до 2024 година);
Моментална позиција: Директор на стратешката единица снабдување, „Орбико“, Бугарија
Хоби: Музика, филмови.
Брачна состојба: Оженет.
Од рок-концерти до продажба
Доколку некој мисли дека е невозможно еден човек истовремено да ги сака рок-уметноста и продажбата, тогаш приказната на Станислав Бојаџиев ќе го разубеди. Музиката била негова страст, а желбата да свири го однела до формирање рок-бенд со пријателите. Заедно направиле и први концерти, но животот ги одвел по различни патеки. Меѓутоа, веќе од 14-15 години сфатил дека има афинитет и за продажба – област што ја следи веќе три децении.
Професионалната приказна почнува во компанијата „Кавен Ирадис“, каде што работел како претставник за претпродажба за „Проктер & Гембл“. Почнав таму речиси случајно – требаше да поминам низ три интервјуа и неколку тестови, вели Бојаџиев и додава: П&Г е големо училиште и ви дава многу. Поминав низ нивната најдобра обука за продажба, која ја паметам и ја користам до ден-денес.
Следен чекор бил развојот во компанијата „Орбико“, каде што поминал низ различни позиции, стекнувајќи знаење од различни категории и учејќи да се справува со предизвиците.
Важно е какви лидери и ментори ќе имате на патот што сте го избрале. Благодарен сум што низ годините имав многу вистински ментори и лидери од кои учев...Без нив не би бил толку успешен, а се сметам за доста успешен во последните 23 години, истакна тој.
Од локален развој до регионални предизвици
Бојаџиев ја гради кариерата во „Орбико“ - Бугарија сè додека не ја доби шансата да се соочи со регионалните предизвици. Во 2021 година ја презема улогата директор за Македонија, Албанија и Косово. Ова беше доста голем предизвик за мене и на почетокот не бев сигурен дали ќе можам да се справам со тоа. Три различни земји, различно законодавство, различни религии, менталитет, обичаи и три компании на различни нивоа на развој. Постојано патување меѓу трите земји, а за викендот се враќав дома во Бугарија кај моето семејство.Дополнително, тоа беше период на ковид-пандемија, се сеќава тој и низ шега додава дека досега не запознал некој што има направено толку многу ковид-тестови.
Работењето на македонскиот пазар, како што објаснува, било особено драгоцено: Пазарот е динамичен, со силна конкуренција и брзи промени во потрошувачките навики, што бара флексибилност и брза адаптација. Една од клучните предности е блиската комуникација со клиентите и партнерите, што овозможува изградба на доверба и долгорочни односи. Бојаџиев истакнува дека дополнителни предизвици имал поради политичката динамика и приспособувањето на регулативите, но тоа придонело да развие силни способности за управување со промени, ризици и долгорочна стратегија за пораст.
Во поглед на разликите меѓу пазарите во Северна Македонија, Албанија, Косово и Бугарија, тој истакна дека веднаш ги почувствувал: Секој пазар има свои специфики и бара брза адаптација. Клучно беше да се обезбеди координација меѓу локалните тимови, да се развие култура на соработка и да се мотивираат луѓето да реагираат проактивно на промени. Пример за тоа е успешно лансирање нови брендови во кратки рокови, интеграција на дигитални канали и решенија за е-трговија, како и имплементација на нови стандарди за пакување и декларации.

Збор-два за лидерството
Пред да стане директор за споменатите пазари, тој работел и на позиција менаџер за синџир на снабдување и поддистрибутивни канали, што било негово прво искуство надвор од продажбата. Научив дека лидерството не е само управување со процеси, туку инспирирање на тимови, градење доверба и обезбедување визија која ги мотивира сите да постигнат резултати, објаснува Бојаџиев.
Од јануари 2025 година е директор на стратешката единица снабдување, со одговорности за целокупниот синџир на снабдување, оптимизација на процесите и развој на поддистрибутивните канали. Најголемиот предизвик, сепак, се луѓето – работата во магацин не е „сонувана професија“, а при ниска невработеност многу е тешко да се најдат мотивирани работници. Паралелно, работиме на автоматизација на процесите и воведување роботи за да ја зголемиме продуктивноста и да ја намалиме зависноста од човечки ресурси. Клучни се јасното делегирање и континуирана комуникација со тимовите.
Кога станува збор за успешниот лидер, според Бојаџиев, потребно е тој да има неколку компетенции: способност да се инспирира и мотивира тимот; јасна комуникација и транспарентност; приспособливост и управување со промени. Неопходни се и емпатија и способност за развој на луѓе, како и умешност да се делегира и да се гради доверба. Лидерството не е само управување со процеси, туку креирање култура на соработка и обезбедување стабилност и мотивација за постигнување резултати, додава тој.
За успехот, очекувањата и одлуките
Бојаџиев истакна дека е задоволен од тоа што го постигнал досега, но дека секогаш има простор за пораст. Во иднина сака да се насочи кон лидерски предизвици и стратегиски проекти, да развива нови компетенции и да придонесе за креирање долгорочни решенија кои ќе имаат значајно влијание врз организацијата.
Колку одлуките што ги носел се правилни, е прашање што често си го поставува. Сепак, верува: Секоја одлука што ја носиме е правилна за тој момент и за информациите што сме ги имале тогаш. Никогаш не треба да жалиме за изборите бидејќи не можеме да знаеме дали алтернативата би донела подобар резултат или, пак, истиот резултат, но со потежок пат.
Кога би се навратил низ годините поминати во професионалниот свет, Бојаџиев како најголем успех го истакнува градењето успешни тимови кои се развиваат и растат заедно.
Гордо можам да кажам дека сум придонел за креирање долгорочни решенија кои имаат реално влијание врз организацијата, но вистинската сила доаѓа од луѓето. Затоа сакам да изразам искрена благодарност до сите тимови со кои сум работел – колеги, поранешни и сегашни – и до менаџментот на „Орбико“, затоа што денес сум професионалец и човек благодарение на нивната поддршка, доверба и заедничка работа, истакна тој.
На крајот го сподели со нас и клучот за неговите професионални резултати: комбинација од доверба, отворена комуникација, аналитичко размислување, приспособливост и способност да ја претворам визијата во конкретни чекори, инспирирајќи ги другите да веруваат во заедничката цел.