
Токму тоа е порака и за глобалните играчи и за домашните компании: иднината на малопродажбата лежи во почитување и афирмација на локалното.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во време кога глобалните синџири и меѓународните брендови се шират со невидена брзина, домашните компании имаат сериозна задача, во трговијата на мало да пласираат производи кои ќе ги стават во надредена положба над увезените производи, но не затоа што се домашни, туку да се докажат по квалитет и цена. Но, за да биде тоа навистина така, потребни се резултати на комбинација од доверба, свежина, културна блискост и економска логика. Во пазар исполнет со увозни алтернативи, македонскиот купувач треба да го препознава квалитетот на локалното и секојдневно да го потврдува тоа со својот избор.
Пишува: Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и генерален извршен директор на „ГС1 Македонија“
Како до најсвеж производ
Главната предност на домашните производи е краткиот синџир на снабдување. Млекото, сирењето, јогуртот, јајцата, свежото месо, сувомесните производи, лебот и пекарските производи пристигнуваат до потрошувачот во многу пократок временски рок во споредба со увезената стока. Колку е пократко времето од производител до потрошувач, толку е поголема свежината и помал ризикот од загуба на квалитет. Ова не е само прашање на вкус, туку и на безбедност, особено кога се работи за лесно расипливи категории.
Доверба!
Домашните брендови по логика на нештата треба да носат дополнителна вредност, а тоа е довербата. Потрошувачите знаат кој го произведува производот, од каде потекнува суровината и какви стандарди се применуваат. Во земја каде што традицијата во исхраната има силно значење, потрошувачите чувствуваат сигурност кога избираат нешто што им е познато со децении.
Токму тоа е порака и за глобалните играчи и за домашните компании: иднината на малопродажбата лежи во почитување и афирмација на локалното.
Економија што останува дома
Секоја потрошена сума за домашен производ останува во земјата и директно ја поттикнува економијата. Купувањето локално значи поддршка за домашните компании, земјоделците и вработените во целиот синџир на снабдување. Тоа, пак, носи нови работни места, повисоки приходи и можност за инвестиции. За разлика од увезените производи, каде што значителен дел од вредноста се „излева“ надвор, локалното трошење ја зајакнува економската основа на државата.
Културна и димензија на идентитет
Домашните производи не се само економски избор, туку и дел од културата и идентитетот. Секое семејство има свои традиции поврзани со локалните вкусови, било да е тоа сирење од одреден регион, специфичен тип леб или сувомесен производ со долгогодишна традиција. Овие производи не можат да се заменат со увозни копии, тие носат симболика, историја и чувство на припадност.
Глобализација
Глобализацијата денес не значи унифицирана понуда насекаде. Напротив, најуспешните компании се оние што успеваат да ги интегрираат локалните производи во својата мрежа. За домашните производители тоа е и можност: ако нивните производи се покажат успешни дома, преку соработка со меѓународни синџири можат да најдат пат и кон регионални или европски пазари. Тоа е нова врата кон извоз и афирмација на квалитетот што Македонија може да го понуди.
Пример од Европа
Искуството од Финска покажува дека дури и големите меѓународни синџири мора да се приспособат на локалните преференции. Кога таму беше воведен нов трговски синџир со речиси 100% увезени производи, реакцијата на потрошувачите беше негативна. Продажбата не ги исполни очекувањата, а јавноста остро реагираше. По неколку години, компанијата мораше да ја промени стратегијата и значително да ја зголеми понудата на домашни производи, голем број од нив традиционални. Денес, локалното има силно присуство бидејќи потрошувачите го бараат токму тоа.
Заклучок
Глобалните трендови можат да носат новитети и иновации, но домашното секогаш останува мерката за свежо, доверливо и најблиску до потрошувачот. Македонските потрошувачи го препознаваат тоа и секојдневно го потврдуваат со својот избор. И токму тоа е порака и за глобалните играчи и за домашните компании: иднината на малопродажбата лежи во почитување и афирмација на локалното.