
Да се остави да дејствува пазарната економија, за непочитување постојат механизми
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Речиси две децении кризни ситуации по различни основи во глобални рамки, во кои формите на неизвесност и предизвиците за вкупното економско функционирање во континуитет надвиснуваат и претставуваат закана за порастот и развојот на државата. И во сите тие ситуации македонската економија има еден континуиран тренд - стануваме сè поголеми зависници од увоз на храна, производи, репроматеријали однадвор. Под притисок на ценовните влијанија домашното производство трпи огромни штети.
Пишува: Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија
Во обид да се елиминира влијанието на порастот на цените поради глобалните случувања (кризи кои драстично ги поскапија цените на суровините, производите, електричната енергија и сл.), изминативе неколку години државата примени неколку мерки:
Закон за нефер трговски практики
Ценовната политика што беше применета покажа дека најголем трошок на производителите се, всушност, рабатите и трошоците за маркетинг кои им се наметнуваат на производителите и дистрибутерите и дека најголем дел од малопродажната вредност, иако се производители, не останува кај нив. За таа цел, се посегна по изедначување со европската регулатива на малопродажната политика, со што на долг рок би требало да се избегне зголемување на цените. Но, наспроти приспособувањето на овој закон во одредени рокови и негова целосна примена, се случи неприменливост, различни толкувања, неусогласеност. Сите инволвирани страни, производителите, дистрибутерите, маркетите, имаат свое видување и секој смета дека е во право. Епилог: домашното производство сè уште не успева да обезбеди примена на Законот со кој треба да има намалени трошоци и креирање цени според пазарна логика, а потрошувачите и натаму се соочуваат со нови повисоки малопродажни цени. Изостануваат пазарните принципи на работење во секој сегмент.
Дали цените поттикнуваат пораст и развој на домашната економија и на производителите? Дали успеваме да ја намалиме увозната зависност, пред сè, од суровини и да ја подигнеме конкурентноста на македонските производи?
Консолидација на пазарот
И покрај најавите, консолидацијата на пазарот не се случува со потребната динамика. Значаен дел во трговијата сè уште имаат мали маалски маркети, иако нивниот број се намалува. Во дистрибуцијата и производството има консолидација со јасно профилирање на брендови и дистрибутивни компании кои растат, се окрупнуваат, но има и компании кои повеќе ги нема на пазарот.
Едно е сигурно, трговијата и малопродажбата бележат позитивни резултати. Интерес за нови објекти, пораст на вработени и пораст на плати во секторот се реалност. Дека има интерес за овој бизнис говорат и бројките. За една година во просек околу 10% расте бројот на вработени во малопродажбата со храна. Сето ова е поткрепено и со пораст на стандардот, изразено преку зголемување на примањата со повисок процент од порастот на инфлацијата. Тоа на пазарот се рефлектира со зголемување на продажбата на производите во повисоки ценовни категории, што значи дека потрошувачите имаат повеќе пари да платат.
Но, дали цените поттикнуваат пораст и развој на домашната економија и на производителите? Дали успеваме да ја намалиме увозната зависност, пред сè, од суровини и да ја подигнеме конкурентноста на македонските производи? Тема која бара натамошни анализи, дискусии, дебати. Во меѓувреме, македонските компании излезот за опстанок ќе го бараат во зголемување на извозната активност.