
Кампањата опфаќа серија реклами кои го следат астронаутот во вселената додека размислува за храната од супермаркетите на „Веитрос“...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Кампањата опфаќа серија реклами кои го следат астронаутот во вселената додека размислува за храната од супермаркетите на „Веитрос“...
Трговскиот синџир „Веитрос“ ја претстави новата кампања инспирирана од научната фантастика, насловена „Гастронаут“, со која се позиционира како „дом на љубителите на храна“.
Кампањата опфаќа серија реклами реализирани во соработка со „Вондерхуд студиос“, кои го следат астронаутот во вселената додека размислува за храната од супермаркетите на „Веитрос“.
Видеото прикажува различни оброци од понудата на трговецот како дел од животната приказна на астронаутот – од неделниот печен ручек, преку сирење послужено на денот на неговата венчавка, до враќањето во „Веитрос“ по лингвини со чили ракчиња.
Како што наведуваат од компанијата, рекламите нудат креативна и драматична интерпретација на дебатата „храна наспроти гориво“, со цел да им помогнат на купувачите да се препознаат себеси како вистински љубители на храната.
Визуелната содржина е проследена со песната I Don’t Want to Miss a Thing на Аеросмит, која првпат се користи во рекламна кампања во Велика Британија.
Нашите купувачи се љубители на храната. Тие не ја доживуваат храната само како гориво, туку како извор на уживање. Новата кампања „Гастронаут“ совршено го доловува тој дух. Храната има моќ повторно да нè поврзе со местата и моментите што ни се најважни, изјави Нејтан Ансел, директор за корисници во „Веитрос“.
Компанијата паралелно почнува и ПР-кампања, програма со инфлуенсери и активности во продавниците за поддршка на комуникацијата, додека рекламите ќе се емитуваат на телевизија и на социјалните мрежи.