
Компанијата „Молсон корс“ лансира нова кампања за брендот Miller Lite под називот „Legendary Moments Start with a Lite“, во која главната улога му е доверена на Кристофер Вокен...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Молсон корс“ лансира нова кампања за брендот Miller Lite под називот „Legendary Moments Start with a Lite“ (Легендарните моменти почнуваат со Lite), во која главната улога му е доверена на Кристофер Вокен.
Повикувајќи се на истражувања што покажуваат дека 60% од возрасните откажуваат планови најмалку еднаш месечно, брендот преку кампања предводена од легендарниот холивудски актер ќе ги поттикнува потрошувачите да излезат надвор и да создадат повеќе заеднички искуства со пријателите и со семејството.
Кристофер Вокен е една од ретките култни личности што навистина ги надминуваат генерациите. Слично како Miller Lite, тој во моментов е препознатлив, почитуван и релевантен и за долгогодишните обожаватели и за новата публика. Неговата духовитост и интелигенција совршено се вклопуваат во тонот на Miller Lite, изјави Софија Колучи, главна директорка за маркетинг во „Молсон корс“.
Првата активација во рамките на новата кампања ќе биде „Miller Lite Damp January Club“, чија цел е да се справи со антисоцијалните навики, охрабрувајќи ги потрошувачите да се собираат и дружат, при што компанијата ќе доделува средства за пиво. Консументите ќе имаат можност да го освојат и „The Dampest Keg“ – буре за пиво дизајнирано за полесно точење, подолги дружења и повеќе простор за пријателите.
Miller Lite знае една работа: најдобрите приказни не почнуваат сами од себе на каучот дома. Кристофер Вокен е тука да нè потсети дека изговарањето „да“ за дружба со пиво е начин на кој се создаваат најдобрите спомени, посочува Адриано Матоc, глобален извршен директор на агенцијата „Лео Бeрнет“ – Чикаго.