
S.Pellegrino, брендот на газирана минерална вода на компанијата „Нестле“ започнува долгорочно глобално партнерство со „Ферари“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
S.Pellegrino, брендот на газирана минерална вода на компанијата „Нестле“ започнува долгорочно глобално партнерство со „Ферари“.
Стратешкиот сојуз има за цел да ја подигне премиум позицијата на брендот S.Pellegrino, да го прошири ангажманот на помладата публика и да ја подобри неговата глобална понуда, се наведува во соопштението на компанијата.
S.Pellegrino и „Ферари“ длабоко се вкоренети во богатата италијанска традиција. Ова партнерство го користи нивниот култен статус и културно значење за да поттикне глобален раст, да ја зацврсти позицијата на S.Pellegrino како премиум lifestyle бренд и да го зголеми ангажманот на помладата публика преку автентични и иновативни бренд искуства, изјави Муриел Лиенау, извршен директор на компанијата „Нестле вотерс & премиум бевериџис“.
Во рамките на партнерството, S.Pellegrino ќе соработува со Scuderia Ferrari HP, тимот на Формула 1, и Ferrari Challenge Trofeo Pirelli, едно од најпознатите натпревари на уникатна класа во мото спортот, основан во 1993 година. Партнерството ќе понуди уникатни активности со заеднички бренд, насочени кон потрошувачите.
S.Pellegrino исто така ќе организира серија глобални настани во следните години, собирајќи кулинарски пионери, визионерски дизајнери, културни трендсетери и личности од светот на Формула 1.
Ова партнерство претставува природна еволуција на нашата постојана амбиција да го подобриме искуството на потрошувачите, вкоренето во нашето заедничко уверување дека животот е побогат кога се живее со длабочина и значење. Двата бренда ја споделуваат страста за создавање моменти кои се важни, моменти дефинирани со квалитет, убавина и поврзаност и ова партнерство ги повикува потрошувачите да го прифатат најдоброто што животот може да го понуди. Ги обединивме најдоброто од Италија за да можете и вие да го дадете вашето најдобро, изјави Елиса Грегори, глобална директорка за маркетинг во „Нестле вотерс & премиум бевериџис“.
Ферари секогаш црпеше сила од италијанскиот дух, заснован на занаетчиство, убавина и постојана тежнеж кон напредок. Во S.Pellegrino гледаме повеќе од партнер, гледаме израз на истите вредности кои нè водат, страст, внимание кон деталите и желба да го подобриме секое искуство. Баш како што S.Pellegrino ја усовршува секојдневницата претворајќи ја во нешто посебно, и ние се стремиме да ги поместиме границите на перформансите, трка по трка. Обединети со наследство и визија, се трудиме да им понудиме на фанатите и потрошувачите искуства кои се препознатливо италијански и храбро свртени кон иднината, градејќи врска со новата генерација вкоренета во она што го споделуваме со гордост, додаде Лоренцо Ѓорџети, главен директор за приходи во „Ферари с.п.а“.
Партнерството ќе биде најавено и зајакнато преку комуникациски активности на дигитални, печатени, аутдор иПр канали во сите клучни градови ширум светот.
Извор: Instore.rs
Фото: S.Pellegrino