
Heineken 0.0 потпиша повеќегодишен договор со „Плејтомик“, проширувајќи го своето спонзорство во паделот на сите нивоа од овој спорт, пишува „Литл блек бук“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Heineken 0.0 потпиша повеќегодишен договор со „Плејтомик“, проширувајќи го своето спонзорство во паделот на сите нивоа од овој спорт, пишува „Литл блек бук“.
„Плектомик“ е водечка платформа за резервација на терени за рекет спортови. Заедно, брендовите ќе применат нов пристап во поврзувањето на играчите преку креирање персонализирани искуства, а клучен елемент од партнерството ќе бидат отворените меѓуигри (open matches).
„Хајнекен“ ќе им обезбеди на учесниците изненадувања терен и надвор од него, како и бесплатно Heineken или Heineken 0.0 за да продолжат со дружење по мечот со новите пријатели.
Отворените мечеви ќе бидат претставени во декември на настан во Барселона, каде Heineken 0.0 и „Плејтомик“ ќе претстават привремен падел-терен отворен за јавноста, на локацијата „Мол де Барселона“.
За Heineken 0.0, ова партнерство е повеќе од спортско спонзорство, се работи за унапредување на начинот на кој луѓето се поврзуваат на терен за време на падел и по мечевите со Heineken. Посветената и голема „Плејтомик“ заедница, комбинирана со посветеноста на „Хајнекен“ кон квалитетно дружење и освежително пиво, ќе создаде незаборавни искуства за милиони играчи ширум светот. Заедно градиме можности играчите да се запознаат и да ги слават автентичните моменти во средина што брзо расте ширум светот, изјави Брам Вестенбринк, комерцијален директор на „Хајнекен“.
Паделот е најбрзо растечкиот, а убедливо и најсоцијалниот спорт на нашето време. Со толкав потенцијал да поттикне нови пријателства преку игра, воодушевени сме што сме партнери со глобален бренд како Heineken 0.0, кој толку силно е фокусиран на тоа да им помогне на луѓето да најдат други што ги споделуваат нивните страсти. Heineken 0.0 го препозна потенцијалот на паделот и „Плејтомик“, а ние сакаме секој момент на терен и надвор од него да го претвориме во ново и возбудливо искуство за падел-играчите ширум светот, додаде Антонио Роберт, генерален менаџер на „Плејтомик“.
Извор: InStore.rs
Фото: „Хајнекен“