
Во партнерство со „Пакистан крикер боард“, Pepsi ги претстави „Playboards“: првите билборди во светот што содржат професионална крикет опрема креирана специјално за жени
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Крикетот е најпопуларниот спорт во Пакистан, но со него претежно доминираат мажите. За многу млади крикетарки, крикетот претставува сериозен предизвици. Пристапот до соодветна крикет опрема останува голема пречка, особено за девојчињата кои тренираат на неформални места, без систем на поддршка и без опрема што е создадена специјално за жени. Pepsi, долгогодишен поддржувач на крикетот и женската национална репрезентација на Пакистан, ја претстави својата нова OOH кампања.
Во партнерство со „Пакистан крикер боард“, Pepsi ги претстави „Playboards“: првите билборди во светот што содржат професионална крикет опрема креирана специјално за жени.
Поставени на јавни места, билбордите изгледаат традиционално, со фотографии од крикет ѕвезди. Но, кога ќе се погледнат поблиску, целата крикет опрема прикажана на билбордот не се фотографии, туку вистинска опрема. Во кампањата учествуваат некои од водечките крикетарки во земјата. Кампањата е креирана во соработка со агенциите „Импакт ББДО“ и „ББДО Пакистан“, а ја продуцираше компанијата „Вајд англ филмс“.
Отсекогаш сме верувале во поддршка на следната генерација крикет таленти. Меѓутоа, овојпат сакавме да направиме повеќе од славење од дистанца. Сакавме да помогнеме во промена на крикет екосистемот во Пакистан. Кампањата ги опремува младите крикетарки со вистинска опрема создадена за нив и ја прави достапна, изјави Хакима Мирза, сениор директорка за маркетинг во „Пепсико“ – Пакистан.
Извор: InStore.rs
Фото: „Пепсико“ – Пакистан