
„Хенеси“ водечкиот светски производител на коњак, и светската спортска икона Леброн Џејмс ги здружија силите за да го претстават Hennessy V.S.O.P Limited Edition by LeBron James, кое ќе биде достапно на избрани светски пазари од овој месец.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Хенеси“ водечкиот светски производител на коњак, и светската спортска икона Леброн Џејмс ги здружија силите за да го претстават Hennessy V.S.O.P Limited Edition by LeBron James, кое ќе биде достапно на избрани светски пазари од овој месец.
Ова специјално издание, во чие средиште се наоѓа препознатливиот „crowning“ гест на Леброн, ја продлабочува креативната соработка започната во 2024 година. Гестот, симбол на воздигнување, лидерство и прослава, сега е редизајниран на живописното портокалово шише, инспирирано од енергијата и динамиката на Леброн, се наведува во соопштението на компанијата.
По повод лансирањето на оваа соработка, „Хенеси“ започна дигитална кампања под името „The Second Decision“, духовита реинтерпретација на славното интервју на Леброн, „The Decision“, кое претставуваше пресвртница во неговата кариера.
Горди сме што го продлабочуваме партнерството со Леброн Џејмс, културна икона чие влијание одамна ги надминува границите на спортот. Леброн го претставува духот на заедништво и дарежливост, вредности длабоко вкоренети во нашиот идентитет. Ова издание е омаж на неговото извонредно патување и на еден од најзначајните моменти во историјата на спортот, изјави Венсан Монталеско, директор за маркетинг на „Хенеси“.
Чест ми е што ја продолжувам соработката со „Хенеси“. Нашата прва колекција беше за заедничката потрага по извонредност и поместување на границите, а ова ново издание го претставува следното поглавје на таа приказна. Дизајнот го вклучува мојот crowning гест, кој за мене симболизира прослава и поврзаност токму заради тоа е создадено ова шише, додаде Џејмс.
Извор: InStore.rs
Фото: „Хенеси“