InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Хајнекен“ ја удвои својата посветеност кон женскиот спорт, продолжувајќи го партнерството на брендот Heineken со женската Лига на шампиони на УЕФА до јуни 2030 година.
Продолженото партнерство го одразува уверувањето на компанијата „Хајнекен“ дека уникатната навивачка култура во женскиот фудбал каде што навивачите се собираат, слободно се мешаат и уживаат во играта во духот на радост и поврзаност претставува моќен израз на вистинска заедништвo, се наведува во соопштението на компанијата.
Во „Хајнекен“ отсекогаш сме биле горди што го поддржуваме фудбалот и денес сме возбудени што можеме да ја продолжиме таа посветеност. Уникатната навивачка култура во женскиот фудбал, каде што ривалите можат да седат еден покрај друг и да се поврзат преку заедничката страст кон играта, го одразува чувството на вистинска заедница што го движи и нашето работење напред. Како што игрите ги обединуваат луѓето и на теренот и надвор од него, така и ние веруваме во создавање на врски што траат, изјави Џоана Прајс, директорка за корпоративни односи во „Хајнекен“.
Во согласност со новата посветеност, „Хајнекен“ ќе го заживее своето спонзорство преку активности што ја слават различноста, ги обединуваат навивачите и создаваат значајни моменти на поврзување околу заедничката страст кон играта.
Од компанијата порачуваат дека Heineken е посветен на тоа да биде лидер било преку негување на култура на умереност со промовирање пијалаци со низок или безалкохолен процент, спроведување на глобални кампањи што поттикнуваат дружење во живо без екрани, или преку партнерства со големи настани што ја отелотворуваат вистинската заедничка вредност како што е женската Лига на шампиони на УЕФА.
Извор: InStore.rs
Фото: „Хајнекен“