
Компанијата „Кока Кола“ ја претстави кампањата Made in Germany, во која ги истакнува своите вработени во Германија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Кока Кола“ ја претстави кампањата Made in Germany, во која ги истакнува своите вработени во Германија.
Во рамки на кампањата, „Кока Кола“ сака да ги нагласи своите длабоки корени во Германија, каде што работи речиси еден век, и да потсети дека голем дел од производите што се продаваат таму се полнат локално, пренесува списанието „Есм“.
Иако Coca-Cola е создадена во САД во 1886 година, производството во Германија започнало во 1929. Денес, 97% од пијалаците што „Кока Кола“ ги продава во Германија вклучувајќи ја Coca-Cola и уште околу 60 други брендови, како што се Fanta, Sprite, ViO, Fuze Tea и Powerade, се произведуваат главно во Германија. Компанијата работи со преку 13 производствени погони и вработува околу 7.000 луѓе низ цела Германија, од Баварија до Шлезвиг-Холштајн. „Кока Кола еуропацифик партнерс“ – Германија е најголемата компанија за безалкохолни пијалаци во земјата, со продажен обем од речиси 4,1 милијарда литри во 2024 година.
„Кока Кола“ исто така го истакна својот придонес во германската економија со 9,1 милијарда евра додадена вредност во БДП-то, и со тоа што купува роба и услуги во вредност од 1,5 милијарди евра од германски добавувачи за состојки, опрема и транспорт.
Денес нејзините производствени капацитети можат да произведат до 60.000 шишиња на час, при што 95% од машините што се користат се набавени од речиси 100 германски производители.
Извор: InStore.rs
Фото: „Кока Кола“