InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Брендот на компанијата „Пепсико“, Doritos лансираше лимитирана едиција на Black Garlic Dip и парти пакувања чипс инспирирани од серијата „Stranger Things".
Освен производите на Doritos, пакувања со дизајн на „Stranger Things" ќе бидат достапни и во рамки на брендот Walkers Snacks – Monster Munch, Wotsits, Quavers и Squares.
Дизајните ќе прикажуваат омилени ликови на фановите и визуелни елементи од фиктивниот „Upside Down“ свет, во пресрет на последната сезона од серијата, пренесува „Токинг ритејл“.
Оваа соработка делува како затворање на кругот и не можевме да бидеме повозбудени. Doritos се појави во претходните епизоди на серијата, па повторното оживување на ова природно партнерство помеѓу серијата и нашите брендови, пред нејзиниот крај, беше задолжително. Со нашите парти пакувања и храбриот Black Garlic Dip, подготвени сме да бидеме најинтересното грицкање за Ноќта на вештерките и во пресрет на новата сезона. Со искористување на глобалната популарност на серијата Stranger Things и растечката побарувачка за производи инспирирани од Ноќта на вештерките и лимитирани изданија, им помагаме на трговците да ја поттикнат сезонската продажба и да ја зголемат вклученоста на потрошувачите, изјави Роб Потиер, маркетинг директор во Doritos.
Партнерството ќе биде поддржано со голема мултимедијална маркетинг кампања, која ќе вклучува POS материјали за видливост во продавници, дигитални содржини, надворешно рекламирање, социјални мрежи, соработка со инфлуенсери и ПР активности.
Лимитираната едиција ќе биде достапна во малопродажните, импулсните и големопродажните канали од септември до крајот на ноември.
Извор:Instore.rs
Фото: Doritos