InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Брендот Fanta соработува со „Јуниверзал пикчрс“ и „Блумхаус“ на глобална кампања која ќе ги донесе легендарните ликови на колекционерски пакувања, ќе вклучи филмски и малопродажни настани, содржини на социјалните мрежи со помош на инфлуенсери и уште многу други активности.
Лансирањето на специјалните лименки се совпаѓа со продолженијата на филмовите „Black Phone“ и „Five Nights at Freddy’s“. Fanta со вкус на јагода ќе го содржи ликот The Grabber од филмот „Black Phone“, додека Fanta со портокал ќе биде украсена со Freddy Fazbear од „Five Nights at Freddy’s“. На лименките Fanta со грозје ќе се најде M3gan од истоимениот хорор филм, а брендот дополнително ќе лансира и ограничено издание со вкус на шумско овошје, на кое ќе се појави Chucky од филмот „Child’s Play“.
Потрошувачите ќе имаат можност да скенираат QR-кодови на пакувањата за да пристапат до ексклузивна дигитална содржина и интерактивни искуства.
Fanta и Ноќта на вештерките се совршена комбинација и двете се забавни и вкусни. Ова е време од годината кога повторно се јавува желбата за вкусни задоволства, славење и самоизразување. А бидејќи страшното може да биде и забавно, хорор филмовите се голем дел од прославата на Ноќта на вештерките, изјави Ибрахим Салим Кан, глобален потпретседател за брендот Fanta.
Кампањата започнува оваа недела и ќе се спроведува низ Латинска Америка, Европа, Северна Америка и на избрани пазари во Азија и Пацификот. Кан додаде дека компанијата веќе со години активира кампањи за Ноќта на вештерките на различни пазари и на различни начини, но минатогодишното лансирање на кампањата „Wanta Fanta“ им овозможило конзистентна глобална платформа за креативност. Плановите се да се продолжи со градење врз досегашните искуства и уште подобро поврзување со потрошувачите преку културолошки релевантни начини за време на сезоната.
Извор: InStore.rs
Фото: „Кока Кола“