InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во пресрет на новата сезона на НФЛ, брендот на компанијата „Пепсико“ ја лансираше новата кампања под името „Tailgate Crashers“.
Кампањата е дел од пошироката платформа „Food Deserves Pepsi“, која беше започната во 2024 година, со цел да се истакне добриот вкус на оброците во комбинација со Pepsi.
Во рамки на кампањата, брендот претстави реклама во која главните улоги ги играат НФЛ ѕвездите Џош Ален и Џастин Џеферсон. Тие пристигнуваат на паркинг пред стадион, каде што навивачите се собираат пред почетокот на натпреварот, за да им донесат Pepsi и да покажат дека исчекувањето на натпреварот е многу подобро со ова освежително пијалок.
Паркинзите претставуваат вистинска сцена за денот на натпреварот, а Pepsi никогаш не сакал да стои настрана. „Со ‘Tailgate Crashers’ ние без изговор упаѓаме на забавата за да донесеме храбар и освежувачки вкус што секој паркинг го заслужува“, изјави Густаво Рејна, потпретседател за маркетинг во компанијата.
Кампањата „Tailgate Crashers“ нема да биде присутна само на малите екрани. Навивачите оваа есен можат да очекуваат активации и на култните НФЛ стадиони.
Извор: Instore.rs
Фото: „Пепсико“