
Coca-Cola го одбележува 125-годишното присуство на британскиот пазар со истакнување на малите продавници...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Coca-Cola го одбележува 125-годишното присуство на британскиот пазар со истакнување на малите продавници.
Како дел од прославата на 125 години од присуството на Coca-Cola во Велика Британија, компанијата лансира документарен серијал кој го истакнува значењето на локалните маалски продавници, познати како „corner shop“.
Серијалот, под наслов „The Bosses“ (Шефовите), е дело на режисерот Рoс Болидаи и фотографката Серена Браун.
Шесте кратки документарни филмови ги откриваат вистинските личности зад пултовите на малите продавници со мешовита стока. Фокусот е ставен на сопствениците, односно на луѓето што се во срцето на британската малопродажба. Според истражувањето на „Кока-Кола“, повеќе од една третина од Британците сметаат дека маалската продавница е неопходен дел од нивниот секојдневен живот.
Локалните трговци се многу повеќе од продавачи – тие се градители на заедницата и често се првите што помагаат кога е најпотребно. Овој серијал има цел да ја препознае нивната посветеност и да ја слави вредноста што ја носат – не само во економскиот контекст, туку и преку доверба, грижа и поврзаност, изјави Стивен Мурхаус, извршен директор на „Кока-Кола Еуропацифик партнерс“.
За да ги поддржи локалните трговци, компанијата ќе му додели петцифрен износ на секој од сопствениците на малите продавници што се прикажани во серијалот.