
KitKat ја лансира кампањата Break From Politeness, со која ги повикува Канаѓаните, познати по својата учтивост, да направат пауза од манирите кога разговараат со вештачката интелигенција...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
KitKat ја лансира кампањата Break From Politeness, со која ги повикува Канаѓаните, познати по својата учтивост, да направат пауза од манирите кога разговараат со вештачката интелигенција.
Креирана во соработка со независната агенција „Карич“, новата иницијатива Break From Politeness (Пауза од учтивоста) се занимава со некои од еколошките последици на вештачката интелигенција, охрабрувајќи ги корисниците да се воздржат од учтивости како што е кажувањето „благодарам“, бидејќи ваквите пораки трошат дополнителна енергија.
Секогаш бараме нови, културно релевантни начини за да го оддржиме нашето ветување за пауза. Кога наидовме на оваа фасцинантна информација – дека дополнителните зборови што ги користиме кога сме учтиви со вештачката интелигенција всушност бараат повеќе енергија за обработка, што значи и поголеми емисии на јаглероден диоксид – тој увид ни се покажа како совршена можност да направиме нешто неочекувано: да ги повикаме Канаѓаните да направат пауза од кажувањето „please“ и „thank you“ на своите уреди, изјави Џоел Холтби, главен креативен директор во „Карич“. Тој додава дека оваа разиграна кампања истовремено му овозможува на KitKat да влезе во разговор за вештачката интелигенција на начин што е уникатен, наоѓајќи хумор во секојдневните однесувања.
Кампањата вклучува реклама од 40 секунди и серија аутдор-огласи што ги прикажуваат чоколатцата како ги цензурираат примерите на непотребна учтивост, која е штетна за животната средина.