
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Холандскиот трговски синџир „Алберт Хајн“, партнер на фудбалската репрезентација на Холандија, ја започна кампањата за Светското првенство 2026 под слоганот „Доаѓа лавот!“ („De Leeuw komt eraan“).
Кампањата вклучува специјален навивачки огртач за домашно следење на натпреварите, телевизиска реклама со холандските репрезентативци, официјална песна во изведба на Самуел Велтен, богата понуда на храна за дружења и скара, како и различни навивачки производи во препознатливата портокалова боја.
Во промотивните активности учествуваат фудбалерите Virgil van Dijk, Bart Verbruggen и Ryan Gravenberch, заедно со менаџер на продавница и музичарот Samuel Welten.
„Како горд партнер на холандската репрезентација, со нетрпение го очекуваме Светското првенство обоено во портокалово. Кампањата покажува дека играчите и навивачите се многу послични отколку што изгледа – тие носат дресови, ние носиме огртачи; тие постигнуваат голови, а ние се грижиме за грицките“, изјави Јохан ван дер Занден, директор за маркетинг и комуникации во „Алберт Хајн“.
Главен симбол на кампањата е ограниченото издание на портокаловиот навивачки огртач „WKamerjas“, наменет за гледање натпревари од дома. Огртачот е украсен со ознаките на холандската фудбалска федерација и „Алберт Хајн“, содржи навивачки шал, мотив од омилен фудбалер на грбот и специјални џебови за грицки.
Корисниците на апликацијата „Mijn AH“ ќе можат да учествуваат и во квизови, игри и наградни активности, со можност да освојат проектори, фрижидери и маси за стоен фудбал.