
Британскиот бренд Cadbury ја обновува популарната кампања Made to Share (Направено да се споделува), со фокус на малите, но значајни гестови на дарежливост што го прават секојдневниот живот посебен.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По успешното претходно издание, во кое беа претставени лимитирани серии чоколадни табли инспирирани од незабележаните секојдневни добри дела, новата кампања продолжува со иста идеја, но со свеж пристап. Претходната кампања беше високо оценета и освои неколку меѓународни награди, вклучувајќи „Сребрен лав“ на меѓународниот фестивал на креативноста „Кан Лионс“.
Новите реклами користат спонтани и природни фотографии што прикажуваат вистински моменти на внимателност и добрина. Доловени се препознатливи сцени – од споделување место во авион до помагање некому да го пронајде далечинскиот управувач за телевизор.
Покрај визуелните материјали, Cadbury воведува и дванаесет нови дизајни на пакувања, секое инспирирано од различен гест на секојдневна дарежливост. Кампањата вклучува промоции во продавниците и интерактивна дигитална платформа, преку која потрошувачите можат да учествуваат во наградни игри.
Рекламната кампања ќе се спроведува преку билборди, радио, печатени и дигитални медиуми, како и на продажните места. Целта е да се инспирираат потрошувачите и да се потсети дека дарежливоста најчесто се крие во малите, секојдневни дела.