
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје денеска започна 12. издание на FMCG Summit, посветено на трговијата, производството и дистрибуцијата на стоки за широка потрошувачка. Настанот обединува претставници на компании и експерти од земјава и регионот, кои ќе разговараат за промените на пазарот, потрошувачките навики и примената на новите технологии.
Mеѓу главните теми се иднината на европската малопродажба, можностите за раст на македонскиот пазар и влијанието на вештачката интелигенција врз работењето на компаниите. Предвидени се и презентации за користењето податоци при анализата на продажбата, развојот на брендовите и подобрувањето на деловните резултати.

Говорници се Борис Планер, амбасадор на Светскиот конгрес за малопродажба, Реј Гол, извршен директор на „Ритеил ситис“, и професорот Андреј Визјак, основач и извршен директор на „АВ консалтинг“.
Во текот на самитот ќе бидат претставени анализи за регионалните трендови и потребите на потрошувачите, како и искуства за организацијата на продажните тимови, развојот на кадарот и создавањето нова вредност на производите.
Завршниот дел од програмата е посветен на панел-дискусија за понудата на полиците и исплатливоста на иновациите. Учесниците ќе дебатираат дали поголемиот број производи носи и поголема продажба, како и за конкуренцијата од приватните трговски марки.

FMCG Summit се одржува по дванаесетти пат, како простор за размена на искуства и воспоставување деловни соработки меѓу професионалците од секторот.