
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) ќе одржи Национална тркалезна маса за застапување на тема „Посилен глас на бизнисот за реформите“ во Скопје.
На настанот ќе се разговара за улогата на бизнис-заедницата во креирањето и спроведувањето на реформите, како и за можностите за унапредување на соработката меѓу стопанството и институциите.
Целта е да се поттикне поактивно учество на компаниите во процесите на донесување одлуки и да се зајакне гласот на бизнисот при креирањето политики што влијаат врз деловното опкружување.
Националната тркалезна маса претставува можност за размена на ставови и предлози за реформски решенија што ќе одговорат на потребите на стопанството.