
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Инфлацијата во Македонија е стабилизирана, девизниот курс на денарот останува стабилен, но новите поскапувања на енергенсите на светските пазари би можеле повторно да предизвикаат притисок врз домашните цени. Ова било една од главните теми на разговорите меѓу гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Бо Ли.
Средбата се одржала во Бангкок, Тајланд, во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка, а на неа присуствувала и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.
Според информациите од Народната банка, навремените мерки на централната банка придонеле за стабилизирање на инфлацијата, зачувување на стабилноста на денарот и зголемување на отпорноста на македонската економија.
Сепак, економските и геополитичките неизвесности на глобално ниво продолжуваат да претставуваат сериозен предизвик, особено поради можноста растот на цените на енергенсите да се пренесе врз цените на производите и услугите во земјава.
За Македонија, како мала и отворена економија која во голема мера е изложена на надворешни влијанија, ваквите движења бараат дополнителна внимателност при носењето на монетарните одлуки.
На средбата било нагласено дека идните мерки на Народната банка треба да се темелат на релевантни економски податоци, стручни анализи и внимателна процена на ризиците.
Значаен дел од разговорите бил посветен и на независноста на централната банка, која, според соговорниците, е еден од основните предуслови за зачувување на ценовната и финансиската стабилност.
Било посочено дека јасно утврдениот законски мандат, транспарентноста и отчетноста се особено важни за довербата на граѓаните и економските субјекти во монетарната политика.
Ова е од особено значење за земји како Македонија, кои применуваат политика на стабилен девизен курс, бидејќи довербата во централната банка влијае и врз очекувањата за идното движење на инфлацијата.
Славески и Бо Ли разговарале и за подобрување на транспарентноста и комуникацијата на Народната банка со јавноста, како и за примената на меѓународните стандарди преку Кодексот за транспарентност на централните банки.
На крајот од средбата била потврдена подготвеноста за продолжување на соработката меѓу Народната банка и ММФ, преку техничка помош, советодавна поддршка и зајакнување на институционалните капацитети.