
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Народната банка ја задржа основната каматна стапка на 4%, но сигнализира можност за нејзино зголемување доколку инфлацијата остане покачена и продолжи растот на побарувачката на девизниот пазар. Одлуката беше донесена на редовната седница на Извршниот одбор за монетарна политика, во услови на зголемена глобална неизвесност.
Како што соопшти централната банка, ваквата поставеност е поддржана и од досегашните мерки – задолжителната резерва и макропрудентните инструменти, насочени кон стабилен девизен курс и контрола на инфлацијата. Сличен пристап има и Европската централна банка, која исто така ги задржа каматните стапки непроменети.
Глобалните ризици остануваат високи, особено поради продолжениот конфликт на Блискиот Исток, кој влијае врз снабдувањето со нафта и ги одржува цените на енергенсите на високо ниво. Ова создава дополнителен притисок врз инфлацијата и ја зголемува неизвесноста за идниот економски тек.
Во првиот квартал од 2026 година инфлацијата забави на 3,7%, но останува над проекциите. Истовремено, растот на увозните цени и новите прогнози за енергенсите и храната укажуваат на нагорни ризици во наредниот период.
Девизните резерви на крајот на март достигнаа 5,25 милијарди евра и остануваат во сигурна зона, поддржани од задолжувањето на државата и приватните финансиски текови. Народната банка и натаму активно интервенира на девизниот пазар за одржување на ликвидноста.
Економијата продолжува да расте, со стапка од 3,8% во последниот квартал од 2025 година, додека за почетокот на 2026 се очекува умерено продолжување на растот. Сепак, ризиците се претежно надолни и зависат од глобалните случувања и домашните инфраструктурни инвестиции.
Во банкарскиот сектор се забележува раст на депозитите и кредитите, што укажува на стабилна финансиска активност.
Од Народната банка порачуваат дека ќе продолжат со внимателна политика и се подготвени да ги искористат сите инструменти за зачувување на стабилноста на денарот и цените.