
Пред точно 15 години, во мај 2011 година, го издадовме првиот B2B трејд магазин во Македонија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Овие 15 години ни донесоа долгорочна соработка со најуспешните компании кај нас. Ни донесоа многу професионални, но и лични пријателства. Ни донесоа многу стрес и многу радости. Ни потврдија дека квалитетот сепак победува.
Со InStore секој месец истрчуваме една трка на 100 м, каде што не е најважно само да си најбрз, туку и да не се сопнеш брзајќи. Па затоа, можеби некогаш не сме оние што први ќе објават некоја вест, ама кога ќе ја објавиме, знаете дека е вистина. Внимаваме сè што е објавено да биде внимателно проверено, точно, без шпекулации.
Но, уште поважно е што успешно истрчавме еден 15-годишен маратон. Со одличен ритам, посветеност, упорност, истрајност. 15 години во кои издржавме да го испраќаме InStore до сите бесплатно, во кои единствено квалитетот на InStore беше основата за да ја добиеме и задржиме вашата доверба и соработка.
Во време кога се бројат само кликови, лајкови и следбеници, и кога резултатите од рекламите се бараат „сега и веднаш“, сите квалитетни медиуми што не трчаат по спектакуларни и помпезни наслови се наоѓаат пред голем предизвик. Кај специјализираните медиуми како InStore тоа е уште поизразено.
Веруваме дека ја имаме вистинската публика, онаа што сака квалитетна содржина, гледа далеку во иднината и ги носи промените во FMCG-секторот. Оние клучни играчи, кои го препознаваат и поддржуваат квалитетот, се главните наши партнери кои ни даваат сила да ги одржиме и подигнеме стандардите што си ги поставивме уште од самиот почеток.
Ние сè уште веруваме дека не е важно само колку ти е голема публиката, туку и која ти е публиката. Веруваме дека ја имаме вистинската публика, онаа што сака токму квалитетна содржина, гледа далеку во иднината и ги носи промените во FMCG-секторот. Оние клучни играчи, кои го препознаваат и поддржуваат квалитетот, се главните наши партнери кои ни даваат сила да можеме да продолжиме заедно, одржувајќи ги и подигнувајќи ги стандардите што си ги поставивме уште од самиот почеток.
Се радувам на следните 15 години. Знам дека ќе имаме уште многу предизвици, дека од лошото има и полошо, но дека и од доброто секогаш има и подобро. Верувам дека веќе сме важен дел од малопродажниот сектор и дека ќе продолжиме да бидеме гласникот кој ги носи најважните вести, кој секогаш ви нуди битни знаења и новитети.
Среќен 15. роденден, InStore!