
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
FMCG-секторот во последните години функционира во средина на изразена неизвесност, средина во која инфлацијата, променливите трошоци и зголемената ценовна чувствителност на потрошувачите имаат директно влијание врз динамиката на пораст. Номиналните резултати често создаваат привид на стабилност, но реалниот волумен останува под континуиран притисок, што бара поинаков, подисциплиниран пристап во управувањето со продажбата.
Современиот потрошувач носи поинформирани и порационални одлуки. Концептот на вредност добива пошироко значење – покрај цената, тој вклучува доверба во брендот, конзистентен квалитет, сигурност во снабдувањето и релевантност на производот. Во таков контекст, приватните трговски марки бележат континуиран пораст и претставуваат значаен фактор во редефинирањето на конкурентската рамнотежа.
Во средина на зголемена комплексност, успехот ќе зависи од способноста за адаптација, дисциплина во извршувањето и јасен фокус на тоа што навистина создава вредност.
Од перспектива на млечната индустрија во Македонија, овие предизвици се дополнително изразени. Секторот се соочува со флуктуации во цените на суровото млеко, пораст на трошоците за енергија и логистика, како и потреба за одржување стабилен квалитет во услови на променлива понуда. Истовремено, очекувањата на потрошувачите се зголемуваат, а просторот за корекција на цени е ограничен.
Во таков контекст, управувањето со асортиманот и продажните канали добива уште поголема тежина. Од позиција на раководење со продажба, јасно се наметнува потребата од прецизна селекција на SKU-портфолиото, јасна дефиниција на улогата на секој производ и насочување кон канали кои обезбедуваат одржлив, а не краткорочен пораст. Употребата на податоци и аналитика треба да биде во функција на носење одлуки, а не само на нивно следење.
Паралелно, односот помеѓу производителите и трговците се трансформира. Пазарните услови бараат повисоко ниво на соработка – заедничко планирање, развој на категории и подобро разбирање на потрошувачкото однесување. Само преку таков пристап може да се создаде вистинска додадена вредност.
Во средина на зголемена комплексност, успехот ќе зависи од способноста за адаптација, дисциплина во извршувањето и јасен фокус на тоа што навистина создава вредност. За млечната индустрија, тоа значи балансирање меѓу ефикасноста и квалитетот, краткорочните притисоци и долгорочната одржливост. Компаниите што ќе успеат да го постигнат овој баланс ќе бидат оние што ќе ја задржат релевантноста и ќе обезбедат стабилен пораст во периодот што следува.