
Два малопродажни маркети можат да бидат на иста локација, со слични цени и речиси идентични брендови, а сепак да остваруваат различни резултати. Разликата не е во тоа што го продаваат, туку во тоа како го презентираат.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Синиша Костовски, category manager, „Тинекс“
Начинот на кој категориите, брендовите и поединечните производи се позиционирани во просторот директно влијае врз однесувањето на купувачите. Добро осмислената поставеност не само што ја зголемува продажбата, туку го поедноставува изборот и го подобрува целокупното искуство на купување.
Зад секој успешен распоред стои јасна логика. Категориите треба да се поврзани во функционална целина, а просторот да се распределува според продажбата и профитабилноста, но и според нивната меѓусебна компатибилност. Целта е да се создаде природен тек низ кој купувачот се движи интуитивно, без чувство на преоптовареност.
Планограмот се темели на анализа на продажбата, вредноста и профитабилноста на секој сегмент. Но, не постои универзално решение — секоја категорија бара индивидуален пристап и длабоко познавање, до ниво на поединечен производ.
Овој распоред е само основа. Вистинската разлика се прави со планограмите, детално осмислени распореди на производите внатре во секоја категорија. Тие подразбираат внимателен избор на асортиманот и негово прецизно позиционирање.
Она што на прв поглед изгледа едноставно, во суштина е резултат на сериозен аналитички и креативен процес. Планограмот се темели на анализа на продажбата, вредноста и профитабилноста на секој сегмент. Но, не постои универзално решение — секоја категорија бара индивидуален пристап и длабоко познавање, до ниво на поединечен производ.
Затоа, планограмите денес не се само техничка алатка. Тие се средство за создавање конкурентска предност, тие се врска помеѓу податоците и просторот, стратегијата и визуелизацијата, асортиманот и реалната продажба.
И можеби најважно — тие ја прават разликата. Разлика што не се гледа веднаш, но се чувствува во секоја кошничка.