
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Продавница во центарот на Велес, на едeн од најфреквентните тротоари, конципирана да одговори на разноличните потреби на луѓето од соседството и на многуте минувачи во административното средиште на градот.
Разговараше: Васко Марковски, vasko@instore.mk

И да не го познавате многу Велес, лесно ќе забележите. Местото каде што се наоѓа продавницата „Тобако Ка-М" е такво, што секогаш ќе ви биде попат, од каде и да тргнете. А и да сте од Велес, ќе ви се појави на патот каде и да ве носи секојдневието токму тој ден – во пошта, на преглед кај матичен лекар, кај дерматолог, очно, ушно, во Фонд за здравство, во Пензиско, во Шумското. По велешки кажано, „на главната улица, кај Уред". Соседите од Поштата би рекле: „Благој Ѓорев, бр. 5".
Ете нè во Велес. Токму таму. До договореното време за средба, поглед од другата страна на улицата.
Вратата не мирува. Влези-излези. Тротоарот – врвулица. За секого по нешто. Ситни нешта што ни се потребни секојдневно. Веќе студи. Влегуваат со едната рака в џеб, со другата на кваката, излегуваат со весник под мишка, со кутија цигари, со чоколатце, вода, со мобилниот телефон пред очи, проверувајќи нешто на екранот.
Часовникот го означува договореното време. Ја преминуваме улицата. Влегуваме, токму сред затишје. На број се и домаќините.
Дуќан во кој вратата не мирува. Асортиманот е дизајниран да одговори на сечии потреби, низ разните амбиенти на денот. Што и да побараат муштериите – има.
Нè пречекуваат Кате и Ангел. Кирови. Срдечни, млади, убаво воспитани луѓе. Такви се и со муштериите. Се забележува кога го правиш тоа од срце. Набргу ќе ни се разјасни и името на дуќанот. Ангел заминува по работа; приказната ќе ни ја раскаже Кате.
Ова е семеен бизнис, во склоп на куќата - тука живееме – тука сме од 2003година. Трговско претпријатие со тројца вработени: јас, Ангел и сестрата на Ангел. Името од почетокот било „Актив", така работеле 10 години, а од 2013 година, откако стапивме во брак со Ангел, името го сменивме во „Тобако Ка-М" – првите букви од нашите имиња и на нашата поголема ќерка, Марија. Сега имаме уште една ќерка, Мила, така што - може ќе додадеме едно двојче кај М-то, ни рече Кате Кирова, дипломиран економист – бизнис-економија, во кусите паузи до влегувањето на следниот муштерија.
Муштериите доаѓаат и заминуваат. Убав збор секому.
Асортиманот е дизајниран да одговори на сечии потреби, низ разните амбиенти на денот. Што и да побараат муштериите – има. Ако се обидеме да сумираме – цигари, кондиторски производи – бомбониери, колачи, кафе, грицки, сладоледи, алкохолни и безалкохолни пијалаци. Но, и играчки, парфеми – наливни и пакувани, весници – дневен печат и списанија, а и можност за дополнување кредит на припејд телефони, од двата мобилни оператори. Сето тоа, убаво, топло, за пример распоредено во просторот од 20 квадратни метри.
Купувачи? Имаме и редовни и минувачи. Имаме – стандард – редовни купувачи за кои уште од врата знаеме што им е потребно, но, имаме и многумина случајни минувачи што одат во Уред, што одат во болницата. Се бара сè што ни е застапено во асортиманот. Не можам да издвојам нешто друго, освен цигарите, кои се на врвно ниво. Одлично одат и алкохолните и безалкохолните пијалоци, ни раскажа Кате.
Времето ни е кусо.
Не се напивте ни кафе!? Не ве послуживме ништо!?
Продолжуваме секој со својата работа. Ги прибираме мислите зад воланот, одмалувајќи коцка по коцка од чоколадото, подарок од Кате, за добар пат.