InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,84% во однос на одлуката од 26.5.2026 година.
Според новата одлука на РКЕ, дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за 6,50 денари по литар, мазутот се намалува за 3,238 денари по килограм, додека бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 поскапуваат за 0,50 денари по литар.
Новите цени стапуваат во сила по полноќ, односно од 2 јуни во 00:01 часот, и претставуваат максимално дозволени цени, додека трговците можат да ги продаваат и по пониски цени.
„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 10,867%, кај дизелот за 10,622%, кај екстра лесното масло за 10,136% и кај мазутот има намалувањето е за 8,238 %. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,0272%“, соопштија од РКЕ.
Најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се намалуваат за 6,50 денари по литар.
Од друга страна, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари по литар.
Цената на мазутот е намалена за 3,238 денари по килограм.