
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во продолжение е дадена листата на топ-50 трговци во Јадранскиот Регион, рангирани според вкупните приходи остварени во 2024 година. Опфатени се пазарите во Србија, Словенија, Хрватска, БиХ и Црна Гора. Во анализата не се вклучени здружените трговци, поради недостиг на податоци за сите.
И во 2024 година првите десет позиции ги задржуваат истите трговски синџири како и во 2023 година (прикажани на мапата).
Извор: „Дан & Бредстрит“, www.dnb.com
