
Комбинацијата од достапност, внимание и автентичност го преобликува начинот на кој потрошувачите ја перципираат вредноста.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Истражувањето „Voice of the Consumer: Lifestyles Survey 2026“ на „Еуромонитор“ открива како се редефинираат вредноста, поврзаноста и лојалноста – и како брендовите можат да одговорат на тоа во услови кога економските притисоци и дигиталниот замор ги менуваат приоритетите на потрошувачите.
Редефинирање на штедливоста: вредноста како социјален показател
Според истражувањето спроведено во јануари-февруари 2026 година, прифатливите цени остануваат главна грижа, при што 72% од потрошувачите изразуваат загриженост за растечките секојдневни трошоци. Штедливоста повеќе не е само лична нужност, туку и јавно видлив знак на разумност и добар избор. Барањето вредност сега отворено е во преден план: 43% од потрошувачите уживаат во пронаоѓање поволни зделки, додека 41% ги споредуваат цените онлајн најмалку еднаш неделно (графикон).
Графикон
Индикатори за чувствителност на цените во 2026 година

Влијанието на социјалните мрежи дополнително го засилува овој тренд. Т.н. #dupe trend на „Тик-ток“, поддржан од повеќе инфлуенсери, промовира поевтини алтернативи на скапи производи, претставувајќи ја штедливоста како нешто позитивно и општествено прифатено. Зборот „dupe“ доаѓа од „duplicate“ (копија), но не се однесува на фалсификат, туку на производ што изгледа слично или има слична функција/квалитет, но е многу поевтин. Брендовите што ја поврзуваат достапноста со идентитетот на потрошувачите преку сопствени производи, транспарентни цени и персонализирани награди – се во најдобра позиција да одговорат на овој тренд.
Повеќе од 55% од потрошувачите сега повеќе инвестираат во искуства отколку во производи, а 22% планираат да ги зголемат трошоците за уникатни доживувања.
Од постојана поврзаност кон селективно вклучување
Широката дигитална поврзаност ги поттикнува потрошувачите да го ограничат вниманието и да избираат само поважни и целни интеракции. Иако 57% велат дека би се чувствувале изгубено без интернет, 32% признаваат дека секојдневно чувствуваат значителен стрес од постојаното онлајн-присуство. Тоа води до премин од масовни дигитални платформи кон поконтролирани и „помирни“ средини.
За да одговорат на овој тренд, брендовите се насочуваат кон квалитет наместо квантитет во дигиталната комуникација и дури ги поттикнуваат потрошувачите да се исклучат кога е потребно.
Се очекува компаниите сè повеќе да ги почитуваат менталните граници на потрошувачите, да го поедностават процесот на купување и да нудат искуства што го намалуваат дигиталниот замор.
Потрошувачка диктирана од заедницата
Мрежите на луѓе и локалните заедници сè повеќе влијаат врз довербата и одлуките за купување. Речиси една третина од потрошувачите купиле од брендови што ги споделуваат нивните сопствени вредности, а 49% сметаат дека е важно компаниите активно да бидат вклучени во заедницата.
Локалните и независните брендови често се перципираат како поверодостојни и поквалитетни, особено по проблемите со глобалните синџири на снабдување. Како резултат на тоа, големите компании воведуваат т.н. „глокален“ (glocal) пристап – комбинација на глобално присуство со локално приспособување. Тие ги приспособуваат производите и маркетингот според локалната култура и потреби, создавајќи посилна врска со потрошувачите.
Еволуција на престижот: новото лице на луксузот
Луксузот се оддалечува од идејата за статус преку поседување и се движи кон искуства и лична вредност. Пазарот на препродажба, вреден 41,6 милијарди долари, покажува дека се зголемува интересот за циркуларна економија и за подостапни опции.
Повеќе од 55% од потрошувачите сега повеќе инвестираат во искуства отколку во производи, а 22% планираат да ги зголемат трошоците за уникатни доживувања.
Дел од брендовите, како на пример, Rolex (Швајцарија), ги позиционираат половните производи како пожелна почетна точка за влез во нивниот свет. Други, пак, како DUA од „Аугустинус Бејдер“ (Германија/Велика Британија), ја комбинираат науката и поп-културата за да им понудат на генерацијата Z и на милениумците подостапни производи со силен идентитет. Иднината на луксузот се дефинира преку флексибилни, приспособени и вредносно усогласени производи и услуги, кои се подостапни, но истовремено ги задржуваат привлечноста и чувството на престиж.
Емоционална потрошувачка и појавата на емоционално пријатни производи
Емоциите стануваат клучен фактор при купувањето. Зголемениот стрес, дигиталниот замор и намалената социјална интеракција ја зголемуваат побарувачката на производи што нудат удобност, олеснување и позитивно чувство.
Брендовите реагираат на овој тренд така што развиваат производи со емпатија – комбинирајќи уживање со благосостојба и емоционална поддршка. Лојалноста сè повеќе зависи од тоа како се чувствуваат потрошувачите, а не само од функцијата или цената.
Поглед кон иднината: лојалност водена од вредности
Комбинацијата од достапност, внимание и автентичност го преобликува начинот на кој потрошувачите ја перципираат вредноста. За да бидат успешни, брендовите треба да ја поврзат вредноста со идентитетот на потрошувачите, да го поедностават процесот на донесување одлуки и да внесат значење во секоја интеракција со потрошувачите.
Компаниите што ќе успеат да ја претворат штедливоста во нешто посакувано, да поттикнат свесна комуникација и да изградат вистински врски со заедницата, ќе создадат посилна и подолготрајна лојалност.