
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Најновиот извештај на агенцијата за маркетиншки истражувања „Валикон“ – „Valicon Consumer Insight“ за првиот квартал од 2026 година, открива длабок економски јаз во Адриа Регионот. Додека Словенија и Хрватска ги покажуваат првите знаци на економска стабилност, пазарите како Северна Македонија и Црна Гора се соочуваат со рекордно ниско ниво на финансиска стабилност.
Регионален јаз: Меѓу оптимизмот и кризата на доверба
Истражувањето го мери расположението на јавноста преку три клучни показатели: ниво на нормалност, финансиски статус и ниво на потрошувачка (слика 1).

Словенија бележи силен позитивен тренд. Индексот на нормалност е зголемен за 9 поени на годишно ниво. Иако има благ квартален пад кај финансиската состојба и потрошувачката, годишната споредба укажува на стабилен пораст.
Хрватска доживува уште позабележително закрепнување. Индексот на нивото на нормалност е зголемено за 17 поени во споредба со минатата година, додека нивото на потрошувачка е зголемено за 15 поени. Кварталните податоци покажуваат општ нагорен тренд во сите категории.
Србија покажува силни знаци на стабилизација со значителен квартален скок кај трите индекси (ниво на нормалност +18, финансиски статус +21 и ниво на потрошувачка +17). Сепак, и покрај овој пораст, сите индекси сè уште се во негатива.
Босна и Херцеговина – забележано е значително годишно закрепнување во сите области. Иако ова е позитивен сигнал, кварталниот скок е помалку изразен, што укажува на тоа дека довербата на потрошувачите се враќа постепено од многу ниска основа.
Косово покажува знаци на стабилизација, особено кај потрошувачката. Сепак, финансиската состојба останува нестабилна, а потрошувачите и понатаму се претпазливи.
Состојбата на овие два пазари е најкритична во целиот регион.
Северна Македонија: Финансискиот песимизам се продлабочува (индексот на финансискиот статус е -31), додека нивото на потрошувачка (-54) е најниско во целиот регион.
Црна Гора: Финансискиот статус (-36) и нивото на потрошувачка (-47) ги достигнаа најниските точки откако се спроведува истражувањето.
Главни причини за загриженост
Трошоците за живот и актуелните политички настани се главните причини за загриженост (слика 2).

„Паметното купување“ како постојан животен стил
Штедењето се промени од привремена реакција во постојан животен стил за мнозинството граѓани во Адриа Регионот (слика 3).

Како резултат на овие трендови, се забележуваат и значајни промени во потрошувачкото однесување. Приближно 70% од испитаниците во Северна Македонија, Црна Гора и Косово сега пазарат почесто во дисконтни продавници. Со исклучок на Босна и Херцеговина (51%), пазарењето во дисконтни продавници го практикуваат над 60% од потрошувачите во Адриа Регионот. Оваа слика е силно присутна и на поразвиените пазари како Словенија и Хрватска (слика 4).

Способност за штедење. Словенија е единствениот пазар каде што значителен дел од населението (42%) го одржува своето ниво на заштеди. Во Северна Македонија (32%) и во Црна Гора (32%) го гледаме највисокиот удел на тие што веќе воопшто не можат да заштедат дополнителни средства. Косово се издвојува со најголем удел на граѓани кои ги зголемиле своите заштеди (18%), но истовремено во оваа земја има и висок удел на тие што престанале да штедат – над една петтина.
Опаѓање на квалитетот на животот по 2020 година
Мнозинството граѓани во регионот веруваат дека квалитетот на нивниот живот денес е полош отколку во периодот пред 2020 година. Ова чувство е најизразено во Северна Македонија (60%), Србија (55%) и БиХ (53%). Косово останува значаен исклучок, каде што 37% од испитаниците сметаат дека нивниот живот денес е подобар во споредба со периодот пред 2020 година (слика 5).

Целосниот извештај VALICON Consumer Insight Report Q1 2026, кој содржи детални анализи за сите пазари во Адриа Регионот, е достапен на овој линк. Со оглед на актуелните глобални нестабилности, извештајот нуди поширока перспектива за тоа дали кревката доверба на потрошувачите во регионот може да се одржи или надворешните притисоци повторно ќе ја забават најавената стабилизација.
Методологија:
Истражувањето #НоваНормалност (#Newnormal) ги следи реакциите на јавноста околу различни настани и околу секојдневниот живот.
Период: од 18 до 21.2.2026 година.
Онлајн-анкета: со помош на веб-панелот Opinia.Club.
Целна популација (возраст): од 18 до 75 години.
Метод на примерок: репрезентативен примерок од општата популација во секоја земја.
Големина на примерок: Словенија (n=511), Хрватска (n=510), БиХ (n=505), Србија (n=524), Косово (n=484), Ц. Гора (n=291), Македонија (n=457).
Истражувањето е независно, не е финансирано од ниту една компанија, поединец или организација и е јавно достапно.
Повеќе информации: pr@valicon.net
„Валикон“ – ул. Копитарјева, бр. 2, Љубљана, Словенија