
Успешниот лидер во овие предизвикувачки и исклучителни времиња мора да дејствува на сличен начин како и генеративниот агент.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На светската сцена се појавува нова генерација лидери. Со години искуство во лидерски улоги, стекнати во период на постојани и меѓусебно поврзани кризи и нарушувања, тие одново го пишуваат својот лидерски алгоритам, реосмислувајќи и приспособувајќи ги алатките, рутините и логиките што досега добро им служеле. Дејствувањето на главните извршни директори (CEO) во услови на постојана криза сигнализира трансформација кон нов модел на лидерство и дава увид во клучните фактори за успех во процесот на стекнување знаења, преработка и создавање нови принципи на лидерство. Терминот „постојана криза“ (perma-crisis) се појави по пандемијата на ковид-19 и опишува постојано чувство на преминување од една претходно невидена катастрофа во друга – состојба на постојана, развојна криза.
За потребите на студијата „CEOs in the perma-crisis“, експерти од консултантската фирма „Керни“ и советодавната компанија за лидерство „Егон Цендeр“ спроведоа длабински интервјуа со топ-менаџери во периодот на промената на власта во САД и почетокот на ескалацијата на трговските конфликти. Тие разговарале за новите стратегиски предизвици за лидерство и за нивните перспективи во променливото економско и геополитичко опкружување.
Врз основа на добиените сознанија, студијата ги оцртува контурите на новата форма на генеративно лидерство во динамична и нестабилна геополитичка средина – CEO deep learning (длабинско лидерство на ниво на CEO).
Клучната идеја е дека искуствата и знаењата на CEO ја формираат основата на неговата успешност, слично како што тренинг-податоците на еден алгоритам ја одредуваат неговата способност за работа. Перформансите на алгоритамот се мерат според тоа колку добро може да се справи со целосно нови и непознати податоци. Успешниот генеративен алгоритам не само што ја повторува веќе познатата стратегија, туку може да создаде и целосно нови решенија за непознати и претходно невидени и непредвидени проблеми.
Терминот „постојана криза“ (perma-crisis) се појави по пандемијата на ковид-19 и опишува постојано чувство на преминување од една претходно невидена катастрофа во друга – состојба на постојана, развојна криза. Успешниот лидер во овие предизвикувачки и исклучителни времиња мора да дејствува на сличен начин како и генеративниот агент (софистициран софтвер или модел).
Во услови на многу комплексно опкружување, создадено од постојаната криза, кое се карактеризира со континуирани екстремни и претходно невидени настани – искуството на најдобрите лидери може да биде недоволно. Глобалните политички блокови се менуваат, суровините стануваат геополитички „пари за преговарање“, а брзото темпо на бизнисот и регулативите бара речиси натчовечки напори и одлуки.
Перформансите на менаџерот во следната деценија ќе се мерат преку способноста за генеративно лидерство: создавање нешто ново наместо повторување на старото и постојано пронаоѓање нови точки за ориентација во комплексни и нестабилни услови.
Перформансите на менаџерот во следната деценија ќе се мерат преку способноста за генеративно лидерство: создавање нешто ново наместо повторување на старото и постојано пронаоѓање нови точки за ориентација во комплексни и нестабилни услови. Пет области за развој на генеративниот лидерски алгоритам
Експертите од „Егон Цендeр“ и од „Керни“ идентификуваа пет клучни области во кои главните извршни директори треба да го развиваат и усовршуваат својот личен лидерски алгоритам, приспособувајќи го својот пристап кон лидерството, стратегијата и културата.
Глобалната политика е во неред – познатите ориентири постојано се менуваат. Во вакво турбулентно опкружување лидерите на големите компании мора да ја интегрираат геополитиката во своите стратегии и идни планови. Исто така, тие треба да ги преиспитаат своите основни и клучни уверувања и да се приспособат на новите услови.
Компаниите се во трка за трансформација. Нестабилното опкружување носи нови и итни, меѓузависни и полиморфни ризици. Одлуките на извршниот директор мора да се базираат на солидна, цврста и долгорочна визија за успехот на компанијата, која ќе служи како компас во услови на неизвесност.
Денес, повеќе од кога било, компаниите имаат потреба од амбициозни, посветени, отпорни и едуцирани вработени со претприемачки менталитет. Извршните директори треба да ги пренасочат старите вредности за перформанси и напредок кон современиот дух на времето и да го приспособат сопствениот стил на лидерство. Потребно е да ги идентификуваат талентите што го движат бизнисот напред сега и ќе го движат и во иднина.
Во комплексноста на постојаната криза извршните директори мора да носат тешки и радикални одлуки. Лидерите што се опкружуваат само со вработени кои секогаш се согласуваат со шефот, без да изнесат искрен став или критика (yes-people), не добиваат искрена повратна информација. Тие нема да успеат. Врвното лидерство е тимска работа. Лидерите треба да работат на личниот развој и приспособливоста.
Многу извршни директори веруваат дека глобализацијата и технолошкиот развој носат неограничен потенцијал за пораст и просперитет. Сепак, научните сознанија укажуваат на спротивното. Лидерите треба да се реобразуваат за да се приспособат на регенеративната економија, која е еколошки и економски одржлива во свет што се карактеризира со геополитички промени и трговски конфликти. Регенеративна економија е концепт кој оди чекор подалеку од класичната одржлива економија. Таа е модел кој не само што ја зачувува животната средина, туку ја обновува и ја зајакнува, создавајќи економска и социјална вредност.
Трансформација на лидерството преку CEO deep learning
Секој што денес раководи со компанија се соочува со огромен предизвик, но и со уште поголема можност – да ги преиспита и реорганизира стратегијата, културата и лидерството. Да остави печат што ја надминува личната улога и ги надминува границите на компанијата како целина. Сега е вистинско време извршните директори да го развијат својот личен алгоритам на лидерство со нова логика, вредности и рутини, и да го претворат во генеративен лидерски инструмент што е подготвен да се соочи со предизвиците на денешницата и утрешнината. Да си го постават прашањето: какви обуки и кои информации им се потребни за нивните лични алгоритми сега? А, за да одговорат на тоа, потребно е да ги постават вистинските прашања и да ги откријат вистинските терени за развој на лидерството.
„Керни“ е глобална консултантска фирма за менаџмент, со мрежа од над 3.600 луѓе што работат во повеќе од 40 земји. Соработува со повеќе од три четвртини од 500. најголеми американски компании на листата на „Форчн“, како и со највлијателните владини и непрофитни организации.
Автори на текстот:
Мирко Варшун, партнер; Нина Клуков, партнер; Тамара Кудернак, принципал.