
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Иновацијата бара ресурси, време и посветеност. Со избегнување на овие пет грешки и со соработка со вистинските партнери, компаниите можат да го зголемат успехот на новите производи, да останат релевантни и да ја одржат конкурентската предност.
Современото деловно опкружување бара побрзи и подобри иновации за одржување на порастот и конкурентската предност. Но, да се дејствува брзо при имплементацијата на креативни идеи и тие да се претворат во реалност, воопшто не е едноставна задача. Според податоците за иновации на „Еуромонитор“, речиси 30% од над 123.000 производи што се лансирани онлајн од јануари 2023 до јуни 2025 веќе исчезнале од дигиталните полици.
За успешен пазарен настап, компанијата и тимот мора да имаат цврст и проверен процес за лансирање нови производи. Тоа ќе помогне за брендот да остане релевантен и да ја одржува конкурентската предност.
Во изминатите две децении „Еуромонитор“ има остварено соработка со голем број стартапи, мали и средни претпријатија, како и со некои од најголемите глобални брендови, со цел да им помогне на тимовите успешно да ги надминат иновациските предизвици и да ги претворат идеите во одржливи деловни резултати. Преку ова искуство, аналитичката компанија стекна длабински увид во тоа што функционира, а што не. Во продолжение се петте најголеми грешки што ги прават компаниите при развивање иновациски стратегии или нови производи.
Иновација без точни информации
Стратегијата лесно може да се претвори во шпекулација доколку не се следат податоците за целокупниот животен циклус на производот. Многу тимови работат со ограничени или застарени информации, пропуштајќи ги сигналите што треба да ги обликуваат нивните развојни планови. Овие „слепи точки“ можат да ги загрозат и најперспективните идеи за развој на производи. Потребна е соодветна аналитика на податоци за да се одговорат клучните прашања и да се насочат одлуките:
Со точни информации, иновацијата престанува да биде прашање на претпоставки, обиди и грешки и станува прашање на прецизност.
Недоволни инвестиции во првата фаза
Компаниите често имаат ригидни процеси и строго дефинирани рокови. Процедурите и временските ограничувања можат да доведат до прескокнување или скратување на најкритичната почетна фаза во развојот на нов производ – истражување и идентификување на реалните потреби на потрошувачите, откривање на вистинските проблеми што производот треба да ги реши.
Флексибилноста е клучна за успех. Потребно е да се вложат време и ресурси во првата фаза, со цел темелно да се идентификуваат реалните потреби на потрошувачите. На крајот на краиштата, како може успешно да се иновира ако не се познаваат вистинските „болни точки“ што производот треба да ги адресира?
Недостиг на опсег и длабочина
Компаниите не треба да останат ограничени само во рамките на сопствениот сектор. Истражувањето можности исклучиво во рамките на тековната индустрија или пазар може да значи се пропуштаат трендовите и да се занемарува брзата еволуција на поширокиот FMCG-пејзаж. Кога одреден атрибут се појавува во повеќе категории, тоа често означува премин од ниша кон мејнстрим.
На пример, во 2024 година пребиотичките и пробиотичките декларации се проширија надвор од нивните традиционални категории, бележејќи двоцифрен пораст на лансирање нови производи во категориите храна за миленици, нега на коса и дезодоранси. Тоа е јасен показател како интересот на потрошувачите ги движи трендовските атрибути кон сродни категории.
Потребен е поширок пристап и процена на влијанието на долгорочните, меѓуиндустриски трендови. Овие движења можат да послужат како инспирација за иновации, но и да помогнат во препознавање обрасци и поврзување паралели што водат кон дисрупција. Истовремено, компаниите често потфрлаат во следниот клучен чекор – трансформирање на широкиот концепт, како мегатренд, во конкретни и мерливи активности. Многу компании умеат да препознаат голем тренд (на пример, одржливост, погодност, дигитализација, здрав начин на живот), но запираат на ниво на идеја или стратешка декларација.
На пример, трендот удобност/погодност (convenience) е еден од водечките мегатрендови. Моделите за квантификација покажуваат дека потрошувачката за ваков тип производи и услуги бележи просечен годишен пораст од 10% во периодот од 2023 до 2028 година. За компаниите е клучно да утврдат како овие трендови се однесуваат на конкретниот бизнис и како може да одговорат на нив. Со тоа, тимовите достигнуваат подлабоко ниво на генерирање идеи и развиваат поотпорни решенија усогласени со долгорочните промени во однесувањето на потрошувачите.
Фокус на решението, а не на проблемот
Иноваторите често избрзуваат со идеи за решение пред да го идентификуваат проблемот и пред темелно да го осмислат целиот спектар на можни решенија. Брзината е важна, но вистинскиот производ ќе донесе многу поголема вредност отколку производот развиен премногу брзо. Постојат многу варијабли – формат, пакување, начин на испорака, формулација и дизајн, кои директно влијаат врз успешното прифаќање на производот на пазарот.
На пример, порастот на новите преносливи пакувања за витамини и суплементи (гел, стапчиња, спрејови) од 2022 до 2024 година покажува зголемена побарувачка за практични решенија што брзо дејствуваат.
За вистинско разбирање на проблемот, потребно е време. Потребно е подлабоко да се анализира проблемот, да се разгледаат повеќе решенија и да се избере тоа што нуди најголема вредност за потрошувачите.
Застој пред крајот
Компаниите често се фиксираат на усовршување и совршено лансирање на производот наместо на вистинското време за пласман. Тоа може да доведе до пропуштање на предностите на „првиот на пазарот“ (first-mover) и да го ослаби пазарното влијание. Дури и најдобриот производ може да има неуспех ако стратегијата за пласман на пазарот е лошо планирана.
На пример, лансирањата на безалкохолни пијалаци се најуспешни во мај/јуни и август/септември; на производите за убавина и за лична нега во март/април; на здравствените производи во септември/октомври. Со усогласување на лансирањата со сезонските трендови, брендовите подобро го приспособуваат своето работење на однесувањето на потрошувачите, ја зголемуваат маркетинг-ефективноста и градат стратешки партнерства со трговците.
Наместо заклучок
Иновацијата бара ресурси, време и посветеност. Со избегнување на овие пет грешки и со соработка со вистинските партнери, компаниите можат да го зголемат успехот на новите производи, да останат релевантни и да ја одржат конкурентската предност.