
Kantar BrandZ Most Valuable Global Brands за 2025 година ги рангира највредните брендови на светот врз основа на комбинација на финансиските податоци и перцепцијата на потрошувачите...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во јубилејната, 20. година на извештајот Kantar BrandZ Most Valuable Global Brands 2025, вкупната вредност на топ-100 достигнува рекордни 10,7 билиони долари (+29% во споредба со 2024 година). Технологијата останува главен двигател на порастот, а малопродажбата бележи силен пораст (+48%), воден од е-трговијата, зајакнувањето на приватните трговски марки и иновациите. Новите играчи како ChatGPT и Stripe ја потврдуваат зголемената важност на вештачката интелигенција (ВИ) и на дигиталните платформи.
ТОП-10 KANTAR BRANDZ 2025
Глобалната елита на брендови за 2025 година дополнително се консолидира, со доминација на технолошките и платформски ориентирани компании (табела 1). Apple ја води листата четврта година по ред и останува единствен бренд вреден над еден билион долари. Amazon бележи зголемување за 50%, Nvidia забележува силен пораст од 152% како симбол на експанзијата на ВИ, додека Instagram (+101%) ја потврдува моќта на социјалните платформи. Oracle влегува во топ-10 благодарение на порастот на решенијата со облак-технологија, а Visa продолжува со стабилен двоцифрен пораст преку проширување на дигиталните плаќања. Првите 100 највредни светски брендови за 2025 година се прикажани на табела 2.

Клучни увиди за 2025 година – каде настанува вредноста?

ПОБЕДНИЦИ ПО КАТЕГОРИИ (2025)
Технологии и сервисни платформи
Apple останува глобален лидер (#1), додека Google и Microsoft ја задржуваат силната позиција. Nvidia (+152%), Huawei (+142%) и Instagram (+101%) бележат извонреден пораст, а ChatGPT се истакнува како највреден нов бренд. Главниот фокус е на развој на екосистеми преку интеграција на хардвер, софтвер и услуги со ВИ, облак-технологии и поврзување на уредите.
Малопродажба
Amazon е апсолутниот лидер, кој се потпира на ВИ-персонализација, брза достава, проширување на услугата Prime, стриминг и на облак-екосистемите. Costco и Walmart растат преку приватни брендови и омниканални стратегии. Малопродажните медиумски мрежи и користењето податоци од прва страна (first-party) стануваат клучни извори за пораст и монетизација.
Луксузни производи
Louis Vuitton останува највреден луксузен бренд, иако бележи пад, додека Hermès (+17%) и Chanel (+4%) продолжуваат со стабилен пораст. Контролата на дистрибуцијата, силниот сторителинг и иконични производи остануваат клучни, додека истовремено расте важноста на искуствата, одржливоста и дигитализацијата. Побарувачката во Кина се намалува.
Медиуми и забавна индустрија
Google ја води категоријата, но најголем пораст бележат Instagram (+101%), Facebook (+80%), TikTok (+25%) и Netflix (+54%). Главниот фокус е на монетизација на кратките видеосодржини, развој на креаторската економија и оптимизација на претплатничките модели во фрагментираната медиумска средина.
Автомобилска индустрија
Tesla останува највреден автомобилски бренд, а BYD бележи најбрз пораст. Електрификацијата, развојот на софтвери, локалното производство и комуникацијата на вкупните трошоци на сопственоста стануваат клучни фактори на диференцијација.
Алкохолни пијалаци
Категоријата бележи пад од 11%, со лидери како Moutai и Corona. Падот на потрошувачката, порастот на побарувачката на пијалаци со помалку или без алкохол и фрагментацијата на пазарот дополнително ги слабеат традиционалните брендови.
Телекомуникации
Telekom/T-Mobile е лидер во категоријата, додека Airtel (Индија) бележи најбрз пораст, потпирајќи се на дигитална трансформација и пристапните мобилни пакети. Фокусот останува на достапноста, 5G-инвестициите и партнерствата со стриминг-сервиси.
Финансиски услуги
Visa и Mastercard ја водат категоријата, а American Express бележи силен пораст од 66%. Дигитализацијата, безбедноста и персонализацијата на услугите остануваат главни двигатели на вредноста.
Брза храна
McDonald's останува лидер, но со побавен пораст, додека Chipotle се појавува како нов бренд, потпирајќи се на одржливост, здрави опции и дигитални канали. Потрошувачите бараат баланс меѓу погодноста и здравјето.
Производи за лична хигиена
L'Oréal Paris останува на врвот, а Colgate и Dove бележат најбрз пораст (+16%). Категоријата се соочува со силната конкуренција, порастот на ниша-брендови, повисоките трошоци за живот и со зрелоста на кинескиот пазар.
Храна и пијалаци
Категоријата бележи пад поради високите трошоци за производство и потрошувачките промени во исхраната. Coca-Cola расте (+13%), Britannia (+8%), додека Doritos и Dr Pepper се враќаат на листата. Иновациите и јасната вредност стануваат пресудни за лојалноста.
Облека и модни брендови
Nike останува лидер, иако бележи пад поради реструктурирање, додека Uniqlo (+43%), Zara (+37%) и Adidas (+31%) бележат силен пораст. На листата влегуваат ASICS и индискиот Westside, со фокус на иновациите, диференцијацијата и локалната релевантност.
ТОП-ЛИСТА НА ТРГОВЦИ
Првите 20 брендови-трговци имаат вкупна вредност од 933,1 милијарди долари во 2025 година, со пораст од 48% во споредба со минатата година. Ниту еден друг сектор не забележа побрз пораст во ова издание на Kantar BrandZ.
Трите највредни брендови-трговци се и најбрзорастечки: Amazon, Walmart и Costco (табела 3). Овие трговци имаат различни бизнис-модели и пристапи кон е-трговијата, но сите профитираат од потрагата на потрошувачите по вредност и се релативно заштитени од предизвиците во категоријата. Освен оваа топ-тројка, јужноамериканската е-платформа Mercado Libre и Sam’s Club, исто така, забележаа поголем пораст. Американскиот трговец Whole Foods и кинеската е-трговска платформа JD годинава повторно влегоа во ранг-листата на првите дваесет брендови-трговци.
Клучни увиди во малопродажбата

Стратешки импликации
Брендовите како мотор на реален пораст
BrandZ 2025 потврдува дека брендот е највредниот имот на компанијата. Конзистентната присутност и квалитетните искуства ја зголемуваат спремноста на потрошувачите да платат премиум, со што се заштитуваат маржите во услови на пазарна волатилност. Брендовите што не се само различни, туку значително поразлични најдобро успеваат. Во следниот циклус победници ќе бидат брендовите што успешно ќе ги комбинираат ВИ, екосистемската логика, одржливоста и јасната диференцијација.