Регион

Извозот на српски органски производи достигна речиси 30 милиони евра

02 јун 2020

Вредноста на извозот на органски производи од Србија лани достигна 29,7 милиони евра, што е пораст од 2,3 милиони евра во споредба со извозниот резултат од 2018 година, соопшти асоцијацијата „Србија органика“.

Според податоците на Царинската управа, минатата година биле извезени 13.284 тони органски производи од Србија, а најголем дел од извозот биле овошје и овошни производи, чија вредност изнесува 28,7 милиони евра.

Од асоцијацијата велат дека продолжува трендот на подобри извозни резултати, односно дека вредноста на извозот се зголемила за повеќе од 11 милиони евра за четири години.

Поголемиот дел од органските производи се извезуваат во земјите на Европската Унија, а повеќе од една третина од вкупниот извоз во 2019 година бил реализиран на германскиот пазар. Главни дестинации за извоз од Србија се: Холандија, Франција, Италија, Полска, САД, Австрија и Белгија.

Смрзнатите малини се на прво место во 2019 година во однос на количеството и вредноста на остварениот извоз. Следуваат концентратот од јаболка, смрзнатите капини и вишните.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...