За да се олесни секојдневната рутина на лекарите и медицинскиот персонал, „Нестле“ донираше производи на бројни здравствени установи, како и на ранливите пензионери во Белград.
„Нестле“ веќе 15 години е лојален партнер на Србија и ние се стремиме да помогнеме, како вистински сојузник, во тешките околности во кои се наоѓа целата земја сега. На овој начин, особено би сакале да им се заблагодариме на болничкиот персонал за нивната посветеност, рече Милица Милановиќ, менаџер за деловни работи во „Нестле Адријатик С“.
Исто така, во соработка со Градот Белград и Српската стопанска комора, компанијата донираше над 35.000 супи на луѓе на возраст над 65 години и други ранливи групи.
Компанијата вели дека Нестле ќе продолжи да помага со донирање на своите производи и медицинска опрема на заедницата во која работи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.