Регион

Црна Гора: Владата размислува за продолжување на акцијата „Ограничени цени“

29 Jan 2025

Од министерството за економски развој на Црна Гора, соопштија дека на владината седница во четврток ќе предложат продолжување на акцијата „Ограничени цени“ во истиот обем до крајот на април.

Акцијата „Ограничени цени“ влијаеше на стабилизација на цените на основните животни намирници, без да се загрози континуитетот на снабдувањето и економската дејност на трговците и доведе до посакуваните резултати, соопштуваат од министерството.

 Од Министерството додаваат дека сеопфатната кампања за ограничување на маржите, чија имплементација започна на 6 септември минатата година во повеќе од 80 проценти од продавниците на мало, опфаќа неколку стотици артикли групирани во 73 видови на производи.

Ова е, како што велат, продолжение на акцијата што Владата ја почна во март минатата година, а која подоцна беше проширена за околу 60 проценти.

Досегашните одлуки на Владата врз основа на Законот за привремени мерки за ограничување на цените на производите значајни за животот и здравјето на луѓето позитивно се одразија на намалување на цените на основните прехранбени производи и значително го заштитија животниот стандард на граѓаните, особено на најранливите категории во чија потрошувачка структура основните прехранбени производи заземаат најголемо учество, изјавуваат од Министерството за „Побједа“.

 

Извор: Bankar.me

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...