Во Хрватска започна бојкотот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива што започна во Фејсбук групата „Ало, инспекторе“, која е поддржана од Европскиот центар за потрошувачи, а во меѓувреме поддржан е од компании за заштита на потрошувачите, синдикати, политички партии, па дури и од самиот министер за економија.
Оваа иницијатива започна со пораки кои беа споделени на социјалните мрежи во последните денови. Денеска им се препорачува на државјаните да не купуваат ништо.„Однесувајте се како да е недела“, се вели во соопштението.
Хрватските медиуми пренесуваат дека паркинзите пред големите ланци на маркети денеска останаа празни. На бензинските пумпи можат да се забележат само вработените.
Извор: Тв21
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.