Ви претставуваме преглед на огласувањето на категориите и брендовите на ТВ-станиците во Македонија и во Косово. Извор за овие податоци е „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Македонија (www.agbnielsen.net). На ниво на македонскиот пазар „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ е единствениот мерач на телевизиска гледаност избран од Стопанска интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Р. Македонија.
Автор: Благородна Вревезовска, оддел за односи со клиенти, „Ниелсен“ - Македонија и Косово, blagorodna.georgievska@nielsen.com
„Ниелсен аудиенце меaсуремент“ на македонскиот пазар е единствениот мерач на телевизиска гледаност избран од Стопанска интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Р. Македонија, кој со години наназад нуди обемни анализи за активноста на компаниите.
Со оглед на тоа што телевизијата и понатаму останува најдоминантен медиум преку кој се стигнува до посакуваната публика, овие анализи се корисни за компаниите кои сакаат максимално да ја користат секоја секунда за во најдобро светло да ги прикажат производите и услугите што ги нудат.
Анализите за Македонија се правени на Live + As Live Activity – тоа се секојдневни рејтинзи кои опфаќаат реално гледање телевизија во живо + рејтинзи од одложено гледање телевизија како во живо на ТВ-содржини во текот на истиот ден кога се емитувани, но не се гледани во живо во времето на емитување. На пример, на одреден канал X се емитуваат вести во 9 часот наутро, гледачот/корисникот ги гледа истиот ден, но не во времето кога се емитувани во живо, преку снимање или ТВ-тека (опции што ги нудат ТВ-провајдерите во земјата).
Варијаблата по која се правени извештаите е Eq.GRP и нивниот удел. GRP (Gross rating point) е збор на рејтингот на секој индивидуален рекламен спот, а Eq.GRP (Equivalent Gross rating point) или 30 секунди GRP е еднакво на рејтингот кој би се остварил кога должината на рекламниот спот би била 30 секунди. Секој производ има своја целна група, а за да се направи споредлива анализа, потребно е за целата категорија каде што тој производ припаѓа да се избере една или повеќе целни групи. Сите извештаи се правени на целна група тотал индивидуалс (Македонија 4+ – сите индивидуи на ниво на цела земја од 4-годишна возраст нагоре). Се разбира дека анализите би биле поинакви кога би се направиле на други целни групи, како на пример: сите 18-49, жени 20-50 и други.
За специјалното издание Must Have, „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ направи анализи на телевизиската активност според категории, од каде што се добиени најрекламираните огласувачи и брендови. Анализата е направена за периодот од 1.1.2024 до 30.11.2024 година на ТВ-станиците Сител, Канал 5, Алфа, Телма и Алсат М.
Во поглед на категориите рангирани според бројот на инсертации, се забележува дека најмногу огласувања на ТВ имаат средствата за перење и одржување на облека и садови. Во првата петорка се категориите: банки и банкарски услуги, слатка програма, телекомуникациски компании и козметика за коса.
Во поглед на топ-огласувачите, пак, во табела 1 може да ја погледнете анализата на компаниите што биле најмногу присутни на ТВ, според бројот на инсертации, во период од 1.1.2024 до 30.11.2024 година. Во табела 2 се дадени најрекламираните брендови, според бројот на инсертации, во анализираниот период. На табела 3 е направена компарација на огласувачите според бројот на инсертации во анализираниот период во 2024 наспроти истиот период лани.
Извештаи за ТВ-сцената на Косово
„Нилсен“ им обезбедува на огласувачите, агенциите и сопствениците на медиуми слика на целиот конкурентски пазар, мониторирајќи: кој се рекламирал - на кој медиум - колку чинела кампањата - колку реклами и кои формати на реклами биле емитувани на ТВ. Со услугата се опфатени најважните ТВ-станици во Косово: РТВ21, РТК1, Клан Косова, АТВ, КТВ, Дукагини и Т7. Официјален претставник на „Нилсен“ за локална продажба на пазарот и партнер е „Пикаса“ – www.pikasa.ai
Анализите се прават со помош на најсофистицираната и најнапредна алатка во процесот на иновации за софтверски анализи на „Нилсен“ – АРИАНА.
„Нилсен“ прави анализа на најогласуваните категории според бројот на инсертации, за периодот од 1.1.2024 до 30.11.2024 година. Според ова, во првата петорка се: банки и банкарските услуги, продавници и комерцијални синџири, интернет-страници, услуги и телекомуникациски компании.
Понатаму, во табела 4 се дадени топ-огласувачите според бројот на инсертации, во анализираниот период, додека во табела 5 листа на топ-брендови според број на инсертации.
Извор за овие податоци се Стопанска интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Република Македонија Скопје и „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Македонија (www.nielsen.com), единствениот мерач на телевизиска гледаност на ниво на Р. Македонија избран од Стопанската интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Република Македонија, Скопје. Стопанска интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Република Македонија, Скопје е единствен сопственик на податоците за телевизиската гледаност во земјава и го координира електронското мерење на телевизиската публика во Република Македонија со цел да го унапреди квалитетот на електронското мерење на медиумската публика. Како заедница, формирана е од петте национални терестријални телевизиски станици: „Алсат- М“, „Канал 5“, „Сител“, „Телма“, „Алфа“ и Македонската асоцијација на комуникациски агенции (Агенции за маркетинг) МААМ Скопје. Стопанската интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Република Македонија ги промовира идејата, создавањето и развојот на заедницата, транспарентноста на сите полиња поврзани со мерењето на медиумската публика, знаењето за најдобра практика во мерењето на медиумската публика и истражувањето на националните пазари за рекламирање. Таа претставува центар за информирање за мерењето на публиката во Македонија. За остварување на дејноста и целите, СИЗ Комитет за мерење на публиката во Република Македонија, Скопје ја избра „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Македонија како агенција која ќе го спроведе електронското мерење на публиката во земјава за период од седум години.
„Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Mакедонија (www.nielsen.com) има поставено панели во повеќе од 30 земји на пет континенти, што ја прави прв глобален провајдер за мерење на телевизиската гледаност (Television Audience Measurement – TAM). Мерењето на телевизиската гледаност со употребата на пиплметарот од системот TAM во досегашната употреба се покажа како најуспешен и најпрецизен начин за добивање информации во Европа и во светот. Успехот е најголем во прецизноста на добивање податоци за програмското и за комерцијалното гледање, прикажано минута по минута, секој ден, 365 дена во годината. „Ниелсен АМ“ има големо успешно искуство во поставувањето пиплметри од системот TAM низ целиот свет. Не постои ниту еден друг провајдер со таква услуга во светот што има можност за одржување на системите во различни средини и култури. Освен во Македонија, „Ниелсен“ има операции и во регионот: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Косово.
„Нилсен“ е единствена компанија која 100% е посветена на обезбедување висок квалитет на ТАМ услуги. Оваа обврска за извонредност во овој сегмент од пазарот веруваме дека е резултат на лидерската технологија, супериорната услуга на клиенти и глобалната стандардизација.
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.