Свет

Полска: „Жабка“ отвори 1.166 нови продавници

28 Jan 2025

Малопродажната групацијата „Жабка“ ги соопшти прелиминарните резултати за минатата година.

Групацијата пријави пораст на консолидираната продажба за 20%, а во текот на минатата година отвориле 1.166 нови продавници со што вкупната малопродажна мрежа сега има 11.069 продавници од кои 60 се во Романија.

Нашите прелиминарни резултати за 2024 година потврдуваат дека успешно ги исполнуваме обврските што им ги соопштивме на инвеститорите за време на нашиот процес на „ИПО“. Позитивни сме и за сегашното пазарно опкружување и за куповната моќ на купувачите во малопродажниот сегмент, што ни овозможува да продолжиме да ја спроведуваме нашата стратегија. Гледаме значителен потенцијал за раст во наредниот период и гледаме кон 2025 година со доза на оптимизам, изјави Томаш Сучански, извршен директор на групацијата „Жабка“.

 

Извор: InStore

Фото: „Жабка“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...