Трговскиот синџир „Гомекс“ свечено ја отвори својата нова продавница во Деспотовац на адреса Деспот Стефан Лазаревиќ, 63.
На денот на отворањето, првите купувачи беа пречекани со бројни изненадувања - од подароци и специјални промоции до 10% попуст на целата сметка.
За време на отворањето беше промовирана и мобилната апликација „Гомекс“ со која потрошувачите можат да остварат дополнителна заштеда. Апликацијата е персонализирана, што значи дека секој купувач ќе добие специјални паметни купони подготвени само за него.
Со отворањето на продавница во Деспотовац, „Гомекс“ продолжува да ја шири својата мрежа, настојувајќи да направи квалитетни производи и пристапни цени достапни низ цела Србија, велат од компанијата.
Извор: InStore.rs
Фото: „Гомекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.