„Шпар“ донираше 50.000 евра за Противпожарниот сојуз на Словенија, кои ќе бидат наменети за едукација на младите пожарникари и за поддршка на пожарникарите доброволци.
Компанијата преку продажбата во своите продавници на „Добри колачи за добри луѓе“ собра 25.000 евра кои потоа ги удвои и го донира на Противпожарниот сојуз. Донацијата е наменета за активно вклучување на младите и на доброволните противпожарни друштва и нивна едукација.
Пожарникарите доброволци се цврст столб на нашето општество и непрекинато ја докажуваат својата посветеност кон луѓето кои се во неволја. Среќни сме што заедно можеме да придонесеме во развојот на доброволното Противпожарно друштво и во јакнењето на идните генерации, изјави Лидија Ракуша, директорка за маркетинг во „Шпар“ – Словенија.
Минатата година „Шпар“ за прв пат одржа божиќна акција и на пожарникарите им врачи донација од 50.000 евра.
Неодамна, компанијата ги поддржа словенечките екипи на Меѓународната младинска противпожарна олимпијата во Италија, во која учествуваа 60 тимови од 22 држави.
Извор: InStore.rs
Фото: „Шпар“ - Словенија
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.