Регион

Словенија: „Хофер“ и „Каритас“ со помош за социјално загрозените лица

05 Dec 2024

Трговскиот синџир „Хофер“ во соработка со „Каритас“ по 19 пат ја организира акцијата за собирање на производи кои ќе бидат наменети за лицата кои не можат да си дозволат безгрижни празници.

Акцијата започна на 29 ноември и ќе трае до 7 декември. Во неа ќе можат да учествуваат сите потрошувачите во 93 продавници на „Хофер“.

Потрошувачите ќе можат да донираат храна за деца, како што се житарици, намази, житни снегулки, основни намирници како млеко, масло, шеќе и брашно, како и средства за хигиена или други производи по избор на потрошувачите за кои нема потреба да се чуваат во фрижидер.

Од компаниите соопштуваат, дека покрај донираните производи, „Хофер“ ќе донира и 10.000 евра.

 Во „Хофер“ имаме разбирање дека декември е магичен месец, но за жал не за сите. Затоа одлучивме годинава да ја засилиме поддршката. Ќе наполниме 93 колички со производи, по еден од секоја продавница на „Хофер“, со вкупна вредност од 10.000 евра, што е најмногу досега. На овој начин сакаме да им помогнеме на што поголем број на луѓе да им ги разубавиме празниците, изјави Бор Трчек, директор за одржливост и квалитет на производи во „Хофер“.

 

Извор/Фото: „Хофер“/„Линкедин“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...