Цените на производите за широка потрошувачка во Словенија во ноември пораснале за 1,8% на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
За растот најмногу придонеле повисоките цени на храната и безалкохолните пијалоци, потоа здравството, рестораните и хотелите, облеката и обувките, како и рекреацијата и културата. Годишен пад забележаа производите и услугите во групата „Транспорт“.
На месечна основа, инфлацијата во ноември изнесува 0,7%, поттикната главно од порастот на цената на електричната енергија од 16,8%, како и од повисоките цени на горивата. Но, месечната инфлација беше ублажена, меѓу другото, со поевтините сместувања и аранжмани.
Годишниот раст на цените, мерен преку усогласениот индекс на потрошувачките цени, во ноември изнесуваше 1,6%, по 4,5% во истиот период минатата година. Месечниот раст на цените беше 0,8%.
Извор: SEEbiz
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.