Игор Зграбљиќ ја презеде позицијата директор на Одделот за корпоративни работи и одржливост во „Кока-Кола ХБЦ Адриа“, каде што ќе биде ново засилување во тимот на Adria Senior Leadership.
Чест ми е што ја преземам улогата на директор на Одделот за корпоративни работи и одржливост во „Кока-Кола ХБЦ Адриа“, компанија која е дел од „Кока-Кола ХБЦ - светски лидер во одржливиот бизнис според Dow Jones Sustainability Index (DJSI ). Ќе работам посветено на понатамошно подобрување на нашите стратешки цели, програми за комуникација и одржливост на пазарите во Адриа Регионот - во Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Убеден сум дека преку континуираната посветеност на развојот на локалните заедници, грижата за благосостојбата на нашите вработени и зајакнувањето на соработката со нашите партнери, ќе продолжиме да постигнуваме значителен успех на трите пазари, нагласи Зграбљиќ.
Зграбљиќ ѝ носи на компанијата долгогодишно искуство во јавната политика, корпоративните работи и регулаторното застапување. Пред да се приклучи на „Кока-Кола ХБЦ Адриа“, тој работеше како шеф за владини прашања и јавна политика во „Гугл“ за Централна и Источна Европа, каде во изминатите пет години беше одговорен за спроведување на стратегијата за јавна политика на компанијата и ангажман во Југоисточна Европа.
Својата кариера ја почнал во областа на односите со јавноста и менаџмент консалтинг, по што целосно се посветил на проекти од областа на јавните работи и консалтинг за странски инвеститори и мултинационални компании. Магистрирал јавна администрација на Универзитетот Харвард во САД и магистрирал бизнис-економија (маркетинг) на Економскиот факултет во Загреб.
Извор: InStore
Фото: „Кока-Кола“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.